И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Тате ќе му ја бацеше раката, а дедо ќе му речеше: „Сполај му, синко, на Бога, што ни се врати здрав и жив.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
ПОЦКО: А-а, а-а, ќе ни биде, да ни е жив, ама по твојата умирачка.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТОМЧЕ: Татко... (Притрчува да му баци рака.) ТЕОДОС: Чекај, чекај, да свршиме прво со овие.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Оној веќаваше, оној плачеше, поземајќи ги парите од Башмајсторот, оној дури и му баци рака на Башмајсторот, беше една голема, корава рака, испукана од делкање камен и од варта, сите мислеа дека не можеше да се стори ништо, ни една трошка, поинаку; сите тогаш мислеа дека е сега готово, дека по ова на оној ќе мора да му дојде умот, а Башмајсторот ја тргна својата голема рака, помолче, помолче, а после рече: „Чуј, сине.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Па се наведна да ја баци раката на свекрва си - Прости и благослови, мајко...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И да не беше пошол на печалба во туѓина, да беше ѝ се појавил пред очи, уште тогаш, не знаеше што ќе направи место да му баци рака: дали да го погледне напоречки и да му сврти грб, или да му плукне в лице што ѝ дал такво име, од кое ќе се срами цел живот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Го гледам ме вика со прстот. Потрчувам и, трчајќи ми иди да му бацам рака, да го бацам в чело, на полите од шинелата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Луѓето по обичај истрчаа сретсело да го пречекаат, да му бацат рака, да побарат некој совет од него, но тој стана, се исправи на пајтонот, ја намести панагијата на градите да не му мавта, ја крена раката, направи крст врз нивните глави и рече: ”Нека е господ со вас, чеда...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)