Но, вистинската љубовна врска беше речиси незамислив настан. Жените од Партијата беа сите слични.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како да беа сите уморни од претставата. Го присакуваа крајот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Долго време, кога бевме сите заедно, Семејството со – Татко жив, крај Мајка – ни беше, на Балканот, и наша држава, и наша нација, и наша вера, и наша идеологија, и сѐ заедно.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ја прашуваа бабата Депа, а таа им велеше: - Не беа сите три за одеднаш да се породат... Некоја требаше сега, а некоја подоцна... Но стравот од оваа неизвесност им го забрза породувањето...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Беа сите тука во некоја фрка ситуација.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Попишани односно препишани беа сите светски метрополи од Лондон до Њу Делхи, од Њујорк до Пекинг и од Лондон преку Париз и Москва до Токио, каде колку е часот, кога во Брезница или кај нас е дванаесет на пладне.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Незгодно ми е дури и да го прашам кај беше сите овие години.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дали бевме сите пијани ко него или и нас умот ни заспал, што се вели, на исто ни застанал?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таа се насмевна и повторно ја најде раката на стариот градинар Раиз.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со знамиња. Со тробојката на чело. И со химната Еј, Словени која се извиваше во тишината. А не бевме сите Словени.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сопругата Гзиме се смири... Бевме сите заедно, сето семејство во градината опколени од војниците кои нѐ вардеа без да знаеме од кого и зошто.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Лицето ѝ го озари изразот што ја красеше кога бевме сите заедно.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Заминавме. Чанга остана сам. О, не, не беше сам. Со него беа сите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но попусти беа сите интервенции.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Нивни беа бродовите. Нивни беа сите морски патишта. Па дури и небото.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мајка стоеше на белиот куќен праг. Крај Мајка бевме сите ние, нејзините синови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ама другачките не беа сите такви. Некои само гледаат во сонцето до каде е искачено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)