бев (гл.) - ѝ (зам.)

Како нарачана оздола се зададе брачеда му Тода — Маловата помала невеста, на која Рожденката беше ѝ го открила пропаднатиот план и со која Неда многу добро се спријатели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Боже, белки ќе го свртиш надесно, да се прибере, да си и изгледаме дечињата како сете еснафки" си помисли таа и си зашетка дома да си види ред домашни работи, за кои немаше никако време, та дури ни кркмите немаше време да си ги потсече; беа ѝ паднале до очи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, колку и да ја критикувал Борис, беше ѝ го фрлил меракот на Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па сепак, на двапати, Кети беше ѝ кажала дека, додека таа и Милан се карале за нешто и кога Милан се разлутил и ѝ свикал, мачорот скокнал во скутот на Кети и ѝ зборувал утешно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Милан беше ѝ објаснил дека, иако не мелеше брашно, таа сепак беше права копија на ”вистинска” воденица.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Колку нежен и исцелувачки ветер, што ја избриша пајажината од нејзините очи, ја растера замаглената нејаснотија, која беше ѝ го замаглила убавиот летен свет, и беше ги направила бавчите да пулсираат со интензитет на живост, што тоа не можеше да го слушне.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По онаа бура, по оној гнев на Симона, повреден од тоа што Лена не му се дава, ранлив кога беше во прашање брат му Борко заради чувството дека предноста и грижата и на родителите и на другите била секогаш свртена кон него, а тој божем запоставен, а сигурно и заради внатрешната потреба да го симне од себе товарот на едно сведоштво на злостор, по таа бура, значи, по тој гром што ја удира Лена, таа го врти мојот телефонски број што бев ѝ го оставил кога летото, пред можната прослава на јубилејот на браната, ја бев посетил кратко во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Некој шрапнел беше ѝ го истерал окото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако не беше ѝ свикал овчарот Смиле на кучка да го пушти Силјана, ќе го испердушела уште за малце.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И да не беше пошол на печалба во туѓина, да беше ѝ се појавил пред очи, уште тогаш, не знаеше што ќе направи место да му баци рака: дали да го погледне напоречки и да му сврти грб, или да му плукне в лице што ѝ дал такво име, од кое ќе се срами цел живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Поради тоа селаните ја нарекле Карабеќерица. (Мажот и Беќир многу одамна беше ѝ умрел).
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога видела на стапицата нешто послатко беше ѝ се пријало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Измислуваа и други нешта, но никој не беше ѝ го видел лицето одблиску, таа живееше како лилјак, како ноќна птица.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)