Господе, господе, почна отец Иларион да шепоти и да ѝ се потргнува од рацете, но допирајќи го своето лице до нејзиното, и тој почувствува возбудливи трпки по снагата и почна да ѝ се припива со целото тело, да ја разгрнува мантијата, да се распетлува, и во мигот кога требаше со целото свое тело да ѝ ја почувствува врелината на нејзината кожа, кога ја заграби со рацете да ја впие во себе - таа исчезна како да беше дух или демон, му остана прегработ празен, а од прозорчето задопира грозен кикот, гракчење на гавран или на нечистиот, исмејувајќи го што го доведе до оваа бедна состојба, што вака го понизи и го огреши.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Наеднаш исчезна, го снема, како да беше дух или некој негов роднина од сништата...“ рече мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)