Ако немаа амбиции да бидат во политиката и мудро се држеа на дистанца од Партијата, ако си ја гледаа работата и не заглавеа во некои од монтираните процеси или ако не беа жртви на семожните денунцијации и подметнувања, ако не им се откриеше некој од вешто скриените златници за најцрните денови, ако си го гледаа семејството, можеа мирно да ги поминат тешките времиња, дури и да се здобијат со углед во новите институции.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во 1924-та или 25-та, џандарите од Алинци и Трбиќевците навлегле, ноќе, во куќата на Ордана Голушкоски, тогаш одново се имаа размрдано комитите, и ги тепале и мажот и жената до изнеможеност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако за Видана Јанчески може да се рече дека беше рожба на една таква, несреќна љубовна историја, Ристана Голушкоска, пак, беше жртва на безумноста и свирепоста на завојувачите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сите беа жртви на комарот. Влегуваа со ентузијазам, излегуваа со очај.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Знам само дека бев жртва на мигот и на својата наивна неискусна младост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Патем беа жртви на бирократската тортура која требаше да одлучи дали се подобни за посвојување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Поспаните, кои порано ги совлада сонот, беа жртви на ѓаволштините на будните речиси до самите зори, кога и наставниците како и персоналот на хотелот можеа конечно да здивнат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја жалев и се жалев самиот себе, и скривав нешто, не за да го скријам она што се уште можеше да се скрие, иако тоа беше речиси премалку, туку го скривав моето сожалување кон неа, оти таа не го заслужуваше тоа, таа беше жртва заради мене и со мене. Таа заслужуваше почит.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Секојдневно го поттурнуваше во бездна, а за тоа тој ти плаќаше со накит во злато.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ти забораваш или сакаш да заборавиш дека Авни беше жртва на твојата лакомост.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во мистериозните приказни имаше прочитано дека криминалците се враќаат на местото на злосторството, но тој не беше криминалецот, тој беше жртвата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ми беа жртви, зошто беа на располагање.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Официјално, беше жртва на крадците, но чувме гласини дека умрел од овердоуз.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И амбасадорите во таа критична година од почетокот на крајот на Југословенската федерација, стануваа дезориентирани, немоќни да го одржат нивото во надворешната комуникација на земјата, која ја губеше својата внатрешна кохезија и беше жртва на својата националистички ориентирана хиерархиски наредена и подредена борба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И тие, како и бродот Галеб, Синиот воз, кој јуреше низ главните градови на републиките, кај кои дезинтегративните процеси стануваа блиска реалност, повеќе служеа како декор за да се сведочи за некогашниот авторитет и моќ, отколку како симболи на реалната моќ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мене навистина веќе ми е сè едно дали бевме и колку бевме жртви на нашата неупатеност!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)