бев (гл.) - замена (имн.)

Го носеше своето мало машинче, кое беше замена за некогашната италјанска машина Триумф со која преведе илјадници страници од албански на француски јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И мене пивото ми беше замена за дијазепам.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во постапката по приговор работникот, по негово барање, може да биде застапуван од страна на синдикатот (чл. 20 од ЗИДЗРО/септ.10); б) при престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда, наместо обврската на работодавачот на работникот, покрај враќањето на работа, да му исплати надомест на штета 41 и придонеси од задолжително социјално осигурување, беше заменета со обврската работодавачот да исплати бруто-плата која работникот би ја земал кога би бил на работа, намалена за износот на приходот кој работникот го остварил врз основа на работа, по престанокот на работниот однос.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ги направи тие чекори, во речиси изодениот живот, во својата соба, преполна книги, која веќе долго време му беше замена за светот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)