бев (гл.) - крај (имн.)

Посебно убав беше крајот на жетвата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во рок од една - две секунди, разменија еден двозначен поглед и тоа беше крај на приказната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше крајот на еден феномен во светската мерценарија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но ова не беше крајот на изненадувањата кои Камилски му ги приреди на својот пријател по судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тоа беше крајот. Но и почетокот на најкрвавиот и најтрагичниот век на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прво што ѝ падна во очи беше крајот на писмото напишан со малку растреперени букви.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Без збор ја затвори вратата. Ова беше крај на една промашена врска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но ова не беше крајот на балканската драма на апсурдот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше крајот на декември: супер маркетот вриеше од купувачи, кои како во полусон се движеа меѓу гондолите, со извежбани движења посегнувајќи по предметите и ревносно полнејќи ги количките.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И едно лето, ми се чини беше крајот на јули 1862, реков да се најде тајфа и да се почне копањето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подоцна ги посадив, беше крајот на април и, кон крајот од мај, дојдоа првите цветчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше груб кон татко ми, но јас не сакав да се откажам од него, сѐ додека еден ден не си го нурна клунот во кафето на татко ми, и тоа беше крајот на мојот миленик- паторот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Па, јас да те имав прочитано, каде ќе ми беше крајот?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше крајот на јуни. Зрееше летото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беше крајот на јули. Симон рече дека оди со Методија во Б., со тракторот, да донеселе нешто. Тој не доразјасни што.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
БОРИС: Ти друго нешто да знаеше да кажеш кај ќе ти беше крајот. Матеј?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Од морето нѐ делеше само џадето. Тоа беше крајот на градот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Беше крај на август, претпоследниот ден од училишниот распуст.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Г-дин Ракот не веруваше дека нешто не беше во ред со неговиот грамофон.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но тоа не беше крајот на нашата авантура; никако!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- И од таму, од песуците, ве сместија тука? - Мислам беше крајот на април.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)