Рене минуваше низ градината. Беше лето; зевалиците ја нишкаа небеската синевина, ружите цутеа, милно потсечени.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Не беше лето и не седев на верандата на стар конак, каде комарците се забиваат во будноста, сркајќи ја слатко запурнината.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Беше лето. Топло. Жешко. Неподносливо.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- Беше лето, - почна тој - кога јас, покојната ти баба Елена, мајка ти и тетка ти Ана (Оце беше уште бебе и ја оставивме во Битола со баба ѝ Менка и дедо ѝ Марко), тргнавме на екскурзија на Пелистер.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ако беше лето, тогаш човекот од приказната одеше по прашлив пат, низ суви пусти полиња, низ изгорени села.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Зашто тоа не беше само обично лето. Тоа беше лето за Зоки.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Сѐ станува јасно кога не ќе се заборави ова: дека тоа лето беше лето за Зоки Поки.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Пред сѐ, моите најрани сеќавања беа сеќавањата за коњите, а моите први копнежи беа копнежите за јавање.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Уште не беше утро. но беше лето и во муграта имаше достатно светлина за да знам дека не сонувам.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Знаеш ли што се поткровјата? Тие се временски машини во кои старите отрпнати луѓе како мене можат да патуваат наназад четириесет години, кога сета година беше лето, а децата ги гонеа и опседнуваа сладоледџиите со колички.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)