Татко му одвај се смири. Да не беше мајка му, Гоце ќе го извлечеше дебелиот крај, како многупати досега...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Но имал среќа и долг живот: да не беше мајка му на Калчо која истрча со стап, којзнае по малку што ќе станеше со Бузо!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ташко знаеше дека мајка му е таму, зашто утрината со татко му биле и затоа задоцнил на првиот час. „Мамо! Мамо!“ викашеТашко.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Зазбивтани стоевме кај северната страна од Гинеколошката клиника.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
На прозорците од третиот кат наѕреа неколку мајки, погледнаа удолу - кон нас - ама ниту една не беше мајка му наТашко.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Меѓутоа во кујната, како и обично, беше мајка му седната во својот стол, меѓу масата и шпоретот, со рацете во скутот како мртви риби и истечен поглед кој не можеше да продре и низ најшупливиот ѕид а сепак блудеше вперен во некоја непостоечка иднина.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тоа беше мајка му на Димка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мене да ми беше мајка, ќе се убиев за да најдам мир!!! Нималку не се насмевнав и засмеав.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А долетуваа други, кои никогаш не беа мајки, за да не видат колку пораснавме и колку зацврстивме и дали сме готови за в бој...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И ете така во привидот беше мајка, а на јаве една непозната жена која кроце – кроце доаѓаше на кај нас.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тоа беше мајка ѝ на Вера.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Имаше во тој негов поглед и морална поткрепа и заштита и радост и гордост...и пак во таа сала во која скоро половина од присутните беа мајки, ја барав, ми недостасуваше мама...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Помиреност и очај, како на онаа друга слика – на која беа Мајка и Дете, само што помиреноста сега беше полна ужас, помиреноста на Исус во мигот на издивнувањето, а мајката негова, застаната до крстот беше во очај, со склопени раце, со наведната глава, со поглед слеп за сѐ пред себе, освен за болката на душата, со очи кои како да се исушиле во вдлабнатините, а на нивното место останал само очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ајде,“ рече брат ми, и јас тргнав по него, навалена на неговата рака, поткривнувајќи, вртејќи се наназад кон мајката и синот, кон нивната разделба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Постојано го хранеше со горчината на поразените предци што се пренесуваше со генерации, од колено на колено, и со презирот кон победниците, кои, всушност, им беа браќа, и кон нивните сестри, кои им беа мајки.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Луѓе мои, се колнам, тоа беше мајка, вистинска мајка, видовме како рацете на татенцето попуштија, се занишаа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа веќе не беше дрво, проклет да бидам, тоа беше мајка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа беше мајка Верна Јаковлеска, добрата мајка Верна Јаковлеска.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Милото мое, - рече толку тивко, толку мило што нас како да нè фати струја, в час се ослободивме од вкоченоста, од страшниот мраз, видовме таа беше мајка, Кејтенова мајка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Долу во кујната беше мајка му Кираца, готвеше вечера на шпоретот на дрва.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Некој тропна на вратата: беше мајка Ленче: „Сине мое, ајде да станиш, ќе излегваме.“ влегувајќи рече со грижа во гласот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Добрила беше мајка, а јас ќерка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
До утрината стигнавме во селото Шешково, село кое навистина беше мајка за партизаните.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Таму ни беше седиштето на 41. дивизија. Командант ни беше Мајката од Прилеп, а комесар Драган Тозија.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во овој скеч мене ми ја доверија најголемата улога.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Бевме во една богата куќа, можеби бевме преку педесет партизани, имаше јадење, игравме, пукавме со шмајзерите и пушките, и на тој начин се радувавме. Сите бевме млади.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Влезе во собата каде беа мајка ѝ и сестрите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Зар не беше мајка и ова сино езеро, она море, кои се обединуваа пред надежта на копното.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
По малку како дури сега да си го поставуваше прашањето: која беше Мајка, по речиси половина век брак, од кој најголемиот дел минат во егзил.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Една беше мајка ми, Катерина.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Ја препознав. Чудно, нели? Тоа беше мајка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Бре, бре... Ова како онаа песната... чекај, како ли беше мајката...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Беше мајка му на Проедросот:подгрбавена, во влашка носија со бела шамија врзана згора, налик на синот но со усните посинети и некако оторбешени.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Малечката Пелагија беше сосема подготвена и не ѝ се виде тешко што мораше рано да станува оти во училиштето ги наоѓаше новите другарчиња и насмеаната учителка која како да им беше мајка на сите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Да беше мајка ќе ми дадеше уплавна вода.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да не беше мајка ми не знам што ќе правев.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Да беше мајка ми, веднаш ќе ѝ се пожалев, иако после ми е криво што ја нервираме, но пред татко ми е подобро да се скрие.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)