бев (гл.) - мајстор (имн.)

Можеби зашто се „навлеков“ на нив, слушајќи го татко ми, кој беше мајстор да ги оживее писателите и нивните книги токму со надоврзани детали: ...какви корици има „Лав Толстој“ на Шкловски во издание на „Минерва“ (три книги во тврда кафеава подврска во картонска кутија со ликот на Толстој)... од кога Виктор Борисович почнал да се стриже „брич“, а од кога Мајаковски... како на очите на сестрата на Љиља Брик, Елза Триоле, Арагон им посветил цела книга... како на комунизмот му служеле Арагон, Бретон и Пикасо и како поради тоа се скарале...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа беше мајстор за казни, тоа мораме да го признаеме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некои од нив беа мајстори во филигранскиот занает, а другите во чаршиските занаети на другиот, источниот брег на реката, а речиси сите беа обземени од фугата на заминувањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој беше мајстор за часовници и саат-кули.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По скромната Темплум- книгичка (пет антологиски раскази, но само пет...), „Маргина“ го објавува едниот од, според многумина, најубавите раскази на Кортасар, „Ракопис пронајден во џебот“, и плус неколку куси прозни цртички, за кои Кортасар беше мајстор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој знаеше и на Трајан и на стариот велгоштанец и на кој и да беше и каков да беше мајстор, штом работеше со него, да му свика и да му се скара за најмала работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Колку ли загатки уште се кријат во оваа жена која уживаше во својата таинственост, се прашуваше Ивона, која беше мајстор за решавање на ребуси, а сега не го ни насетуваше одговорот на загатката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ДИМИТРИЈА: Јас бев мајстор ѕидар.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)