бев (гл.) - обичај (имн.)

Во болницата беше обичај безнадежните случаи, пред коишто вистинската состојба се криеше, да се отпуштат дома поради бирократијата и нечистотијата што смртта ги носи со себе.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Иако со мака се пробиваа низ снегот, иако денот беше мачен за погреб, не сакаа да го остават Богдана подолго време незакопан; а смртта негова им даде можност, како што беше обичај, да се соберат сите од селото (зашто одамна немаше погреб) да се видат, да поразговараат за работи што обично на погреб се разговараат, да попеат по некоја тажаленка и за умрениот и за своите мили што им умреле, да се ослободат малку од секојдневните работи и грижи, да си подречат нешто крај ковчегот од мртовецот: за минливоста и ништожноста на животот, за јалан дуња, за лакомијата што останала меѓу луѓето, да се мачат да двојат од уста за да создадат нешто, а од сето тоа на крајот останува само два метра земја и црви; да го испретурат животот на умрениот, неговите маки и радости, желби остварени и неостварени, добрините и лошините негови, среќите и несреќите што ги имал, и сè друго што му врвело преку главата; да поткаснат задушница, да запалат свеќа и на гробовите од своите умрени, да им ги избришат сликите на крстовите и да им ги бацат, да си ја освежат болката.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таков беше обичајот, сѐ додека не се даде зборот трпезата да остане празна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- И замина продолжувајќи да ја врти главата и сам на себеси да си зборува што нему и му беше обичај поради кој ние децата понекогаш скришум одевме зад него да го наслушуваме што ќе рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се раззборува, што не му беше обичај, од потреба со некого да ја сподели својата загатка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако успеете во вашата мисија сигурно ќе ве очекуваат подобри денови во нашата дипломатија...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И натаму внимателно слушав. Беше обичај Сојузниот да си го каже своето, а амбасадорот, ако има нешто тоа да го каже на крајот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)