Кај ти беа очите, кај ти беше умот?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Најблиску беа очите на Х.Х. Тука беше и А.А. Неговите најблиски соработници К.К., П.П. и И.И.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тоа беа очи на рис, но премногу питомо-чувствени, способни да го покорат срцето со онаа податливост во која жената ја познава својата заљубеност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дотогаш се плашев да им се приближам на другите деца (брат ми Зигмунд за мене никогаш не беше дете), некоја чудна непријатност ме облеваше дури и од присуството на моите сестри, ама уште кога го видов Рајнер, сакав да бидам близу до него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Иако беа минале години, јас го познав погледот – тоа беа очи кои плачат навнатре, а солзите капат некаде таму, длабоко во него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беа очите на Рајнер Рихтер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сите тие години не знаев ништо за него, а тоа попладне ми ја кажа причината зошто се вратил.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Имаше поинакви очи од сите деца кои ги бев видела; тоа беа очи кои плачеа навнатре, а солзите паѓаа некаде таму, длабоко во него, и не го носеа она ослободување кое доаѓа по плачењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во клучните мигови од хрониката на нашето бегалско семејство, кога тоа сигурно беше очи в очи со самата смрт и кога само чудото го спасуваше, Мајка си го повторуваше постојаниот рефрен дека само Бог можел да ја прати да си ги спасува чедата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)