Беше пролет, беше пладнина.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тивкото бучење на боровата гора ги нервираше до некое време, но потоа им стана едноставно, та дури и пријатно, како на воденичар траскањето на штракалата од каменот, без кое траскање тој не може да заспие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А тие брзаа. Брзаа со широки чекори, понекаде дури и поттрчнуваа, задишени водејќи се за раце, плашејќи се да не се изгубат, иако беше пладнина при ведро небо и јасно сонце.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)