Прашање за кое Британците посебно беа заинтересирани беше прашањето за реализирање на идејата за обединување на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Беше опасно, но не беше прашање на живот или смрт.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Огромни делови од тој живот, дури и за еден член на Партијата, беа неутрални и неполитички, беа прашање на какво-такво извршување на мачни работи, на борба за место во подземната железница, на крпење истенчена чорапа, на измолување една таблетка сахарин, на зачувување догорче.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дали тие требаше да се вбројат во редот на интелектуалните јаничари, јаничарите по перо, дали со тоа беше исцрпено значењето на јаничарството, беа прашања коишто не престануваа да го мачат Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, забавените движења јасно покажуваа дека болеста веќе заорала длабока бразда, пуштила семе и само беше прашање на време кога корењата ќе се рашират по нејзиното кревко тело.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Секако дека најголема возбуда беше прашањето дали крстот замрзнал или не.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Имаш некој динар, педер?“ беше прашањето по кое знаеше дека таа вечер излегува со девојката, а кога ќе го прашаше: „Кога си утре на училиште? “, знаеше дека брат му сака да ја донесе дома и да бидат сами, за да водат љубов наутро во собата која ја делеа двајцата, додека тој е на училиште, а неговите се на работа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Само беше прашање на време кога ќе го достаса казната.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Некогаш имавте повеќе полза од моите интуитивни, длабоко сетилни претчувствувања, кога беше прашање на живот и смрт, ако смеам да речам..
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Веднаш разбрав дека тоа всушност беше прашањето на претседателот Ширак, што ѝ го упатуваше на Република Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Немаше други прашања и размислувања сѐ до овие мигови, ама и сега, не беше прашање, туку констатација.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ова беше прашањето што бев спремен да ѝ го поставам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа беа прашањата што не мачеа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Потоа неговата темелна преокупација беше прашањето што да преземе за да го пресече овој Гордиев јазол во којшто се најде.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Но Џули, не се случи така,“ се обидов да бидам разумен, иако ова не беше прашање на разум како ни било што друго помеѓу нас.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ќе се бакневме, усните ќе ти се отвореа и кога твојот јазик на неколку наврати ќе посегнеше по мојот, ти го откопчував првото копче од блузата, откривајќи ти го младежот на дното на грлото кој беше во хармонија со помалата дамка на аголот на усните што јас толку многу ја сакав, а потоа второто копче кое откриваше нежен златен крст - јас секогаш се обидував да го сметам само за моден детал - што се нишаше над расцепот на твоите гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Почна да се чини дека секој пат кога ќе отидевме некаде да се фаќаме- на задниот чардак кај твојата полу-глува баба, мустаклија Италијанка која седеше пред станот кикотејќи се на репризи од “Ја сакам Луси”; или во собата за рекреација во подрумот на твојата пријателка Џини додека родителите ѝ беа на целоноќно куглање а таа беше горе со тогашниот ⥊ симпатија Брад; или далеку во предградијата, во драјв-ин киното “Огромниот Близнак” за време на таканаречениот Елвис Фест викенд - удавената жена постојано беше со нас. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 182
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)