бев (гл.) - присуство (имн.)

Една од причините беше присуството на невидливи, реални класни “полиња на сила” во начинот на комуникација помеѓу двете групи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Да не беше присуството на тоалетна ролна, се знаеше за што ќе го употребев, но вака, го скинав, во надеж дека ќе ми заврши некоја малку попристојна работа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Не верував дека Ели тоа го разбираше, но, за неа доволно беше присуството на мама и нејзиниот приспивен глас, така што малечката брзо заспиваше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И кога мама го раскинуваше неговиот лик, почувствував дека не ми го уништува само единствениот опиплив спомен од него, и не само единственото нешто преку кое се потсетував на неговиот лик, па оттогаш натаму неговата коса, неговите очи, неговиот лик, беа само нејасно сеќавање; јас во тој миг почувствував дека таа со тоа раскинување го уништуваше и она ветување дека разделбата не е вечна. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној лист хартија со ликот на Рајнер за мене беше присуство во отсуството, знак и ветување дека разделбата не е засекогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Папратот почна да ја отфрла својата темно зелена боја, овошките покрај потокот се прошараа со жолти лисја, но највидливо беше присуството на есента во шумата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)