Околу мене беше пустош, а од оние што беа најблиску до мене ме делеше таква непремостлива вечност, која само Зенон би можел да ја објасни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Меланхолијата на гравурата користи две нешта за спас од својата болка: зад неа е обесен талисман со облик на квадрат, во кој се впишани шеснаесет броја, и кој треба да ги привлече исцелителните моќи на Јупитер, кој може да ги надвладее оштетувачките моќи на Сатурн со кои се зголемува тагата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)