•Хичкок: „Таков беше романот „Куќата на д-р Едвардс“, мелодрамски и навистина откачен роман кој раскажува приказна за лудакот кој стигнува до лудница.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Секако, Дали измисли доста чудни работи кои не беше можно да се остварат: скулптурата пука, од пукнатината излегуваат мравки, лазат по скулптурата и најпосле, се гледа Ингрид Бергман прекриена со мравки!“
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Беше една од легендарните личности во која имаа доверба и Исток и Запад, и окупираните, и окупаторите. Беше човекот-надеж...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На заминување Климент Камилски му остави на Татко две книги кои му ги донесе од Париз без да му бидат порачани, а тоа беа романите на францускиот класик Гистав Флобер Bouvard et Pécuchet (Париз, 1881) и Salambo (Париз, 1862).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Уште неседнат, на работната маса на амбасадорот забележав две отворени книги: една беше Дневникот на Андре Жид, во кој беше опфатен и неговиот туниски период, а другата беше романот на Андре Малро Човековата судбина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)