Тоа беше собата на дежурниот офицер - еден ситен човек што нервозно го сечеше малиот простор со брзи чекори.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тегот за хартија беше собата во која се наоѓаше тој, а коралот беа животните на Џулија и неговиот, фиксирани во некој вид вечност во срцето на кристалот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во Гнездо имаше соби од кои лудите никогаш не излегуваа – тоа беа соби во кои десетици тела лежеа безживотно, или пак животински се бунтуваа заради ремењата и синџирите со кои беа врзани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јанис ќе ни речеше да ѝ дадеме по колку што требаше пари и еден по еден одевме во дворот кај што беше собата нејзина; со секој од нас идеше Јанис и гледаше што правиме; на другите ништо не им беше, но јас тешко го поднесував неговото гледање: непријатно ми идеше кога ќе го видев крај мене како ме гледа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На долниот спрат од куќата беше собата на баба и дедо, гостинската соба, големата трпезарија и кујните.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тие вторите беа оние кои ги нарекувавме “опасни”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)