Но дозволете да довршам. Големото поле што е зад нас, под патот и се шири на исток и југ се до падините на планините, пред војната беше сопственост на еден бег, чие име сега не ми текнува.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сепак, знаци на повторно интересирање за Бојс се појавија.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Навистина, со закон турскиот поредок не беше робовладетелски, но на практика токму таков беше, зашто покорената раја беше сопственост на бегот и тој располагаше со неа по своја волја, та дури и до продавање на луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во Минеаполис, Вокеровиот уметнички центар штотуку откупи група од 437 Бојсови асемблажи, графики и објекти коишто претходно беа сопственост на двајца германски колекционери Алфред и Мери Греисингер.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се насмеав на оваа мисла, спомнувајќи си на еден „шок” на Ведан.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Впрочем, тоа беше во склад со турските закони: сите имоти, сета земја, освен баштината, правото над неа се докажуваше со тапија, беше сопственост на државата, на централната власт, а на сето тоа врховни господари султаните: според својата волја и заслугите на другите делеа и одземаа имоти.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Канела” беше сопственост на чичко Славко и тетка Билјана, родителите на Јана, и брат ми безмерно ѝ завидуваше што може кога сака и колку сака да јаде слатки.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
За време на владеењто на Османлиите беше сопственост на некој богат трговец, потоа на ред да стопанува со неа, дојде некој комунистички функционер, за време на демократијата во неа живееше сопственик на фабрика за млеко.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)