бев (гл.) - страв (имн.)

Да, тоа беше страв, закоренет длабоко во него, роден од нешто што било љубов некогаш, а што е сега станато тврда себичност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Башчаушот на заптиите, Шарен Мустафа, беше страв и трепет за нарушителите на внатрешниот ред, а „мајка" на послабите и мирните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За нас душата ти беше стравот. Во секое сопче, стравот да не недостаса се цедеше од ѕидовите...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не беше страв и не беше бес.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Утредента отварајќи го прозорецот не сакаше ни да чека, изрипа надвор, му беше страв и од нас исто.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ми беше страв да не сум полудел, да не зборувам можеби повторно на глас, па го прашав Земанек дали можеби знае што сум помислил.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми беше страв сам... Ете, затоа...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Што знам, Сане, си велев, оној е луд, овој уште повеќе - ја ако има пиштол? Еј, мајсторе, смрзнав.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
САНЕ: Ба ѝ мајката, нека чека. Ми беше страв за тебе.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Бевме смрзнати и многу гладни. Ни беше страв да одиме по патот, та затоа влеговме во гробиштата, а таму меѓу гробовите - мачки и кучиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На ракавите моравме да носиме давидова ѕвезда, за да бидат регулирани забраните кои важеа за сите Евреи: повеќе не смеевме да одиме во театар, опера, на концерт; не смеевме да одиме во ресторани и паркови; не смеевме да се возиме во такси; дозволено ни беше да се возиме со трамвај, ама само во задната кола; смеевме да излегуваме од дома, ама само во точно определени часови; телефоните ни беа укинати, а смеевме да користиме само две пошти во градот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А ние четирите научивме да живееме со стравот; тоа не беше страв од смртта, туку од измачувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му се чинеше дека на неговиот учител дури и му беше страв од неговата посветеност, од таа речиси нечовечка страст по знаење.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ѝ беше страв повторно да не наиде на еден од „оние“, па се наежи од самата помисла.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега знаеше. Тоа не беше страв од осаменост и од затворен простор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Што ли имаше преживеано во логорот, веројатно на човека му беше страв и да помисли.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сега знаеше. Тоа не беше страв од осаменост и од затворен простор.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сигурно затоа владееше толкава глувост, се плашевме. Проклет да бидам, сигурно тоа беше страв.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А во ноќта, пијан и зол, удираше по вратите на станарите од Нојовиот ковчег, се кикотеше и липаше, беше страв и ревење за судбината на некаков коњ (Слушате ли, бројки: тој коњ сум јас!) за некаков кловн што умирал секој ден (И тој кловн сум јас!), за Јана (Мајко божја, зол е твојот син Исус!), за се, за се, и се колнеше дека никому не му донел добро - се до својот кошмарен и немирен сон простувајќи се од својата будност со закана дека ќе го дигне во воздух Нојовиот ковчег.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стравот од донесување одлука којашто нема да успее да ја изнајде туѓата согласност, всушност, и не беше страв од несигурност во себе, туку необично спротивно: страв од силната верба во своите расудувања и, на тој начин, нивно поставување пред расудувањата на другите луѓе.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сите ќе мораат да знаат дека сум ТУКА, на таа тераса, невклопена со стилот на она на кое е прикачена, а сепак висечка, тешка и ладна под допирот на металот кој го стискав грчевито, затоа што ми беше страв од височина од која секогаш може да се падне, но не може погоре да се искачува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Еден ден беше многу студено, имаше и малку сонце па ми се приспа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се танцуваше, пееше, без некоја валкана љубов, во оро игравме заедно со машките, контактиравме со писма и почнавме да танцуваме машко со женско и јас почнав да играм со машко, иако ми беше страв од татко ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Беше тоа еден двор со две куќи во кои беше сместена и ОЗНА.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ми беше страв да не се повлечеме а тие да заборават да ме разбудат, па отидов кај Мане.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мене и на постарата сестра Борка ни беше страв најмногу од некои вампири, па само што ќе легнеше баба ми, де ќе побарав вода, де ќе одев по нужда.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се качувавме по еден планински дел, сите се симнаа од коњите, а мене не ми беше страв да продолжам да јавам на мирниот коњ.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сакав да им свирнам дека сме таму, но таа не ми дозволи, ѝ беше страв да не ја вратат дома.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Изгледа на командантот Методија (Мече) од Прилеп му беше страв дека е женско на стража па го испратил неговиот шифрант да ме викне. Јас му порачав да не се грижи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На Марија ѝ беше страв да згазне, а камоли да се мие и бања.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
По долгата и неизвесна ноќ, во која најголем соучесник ни беше стравот, блеснаа првите сончеви зраци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со бавен чекор Пандо тапка пред себе, чепка со патерицата во глогот што расте крај патот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како да им беше страв дека, ако забрзаат, побрзо ќе стигнат некаде.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И зошто во оваа огромна маса луѓе тој сега не сака да се дружи со други, кои исто така се осаменици туку, кои исто така бараат некого кому би да ги искажале своите маки и чемери.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Скраја од џадето, скриена во збитолистот на благунот, пее белотртка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Покажав со глава кон планините. - Ајде, одиме, одиме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога мислеше на тоа, му беше страв да затвори очи зашто веднаш во мракот се појавуваа ровови, а во нив телата на момчињата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Орлите ја сакаат висината, широките пространства и тишината што ја дава планината.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со здравје, драг мој Господине!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не му беше страв од мене...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
-Е па! со среќа!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
АЦЕ: Ми беше страв.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Не можев да се натерам да го качам од првпат, оти ми беше страв дека ќе паднам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми беше страв дека Мони ќе ги чуе и ќе сфати дека ми се јаде.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакав да му кажам да се избрише, но поради начинот на кој ме гледаше и поради сериозноста на моментот ќе беше непристојно да му го речам тоа, а впрочем и ми беше страв.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа си ја затвораше вратата од собата и стоеше пред шкафот десетина минути, чешкајќи си ја главата во потрага по кошулчето што тој ден ќе го облече.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Очигледно беше дека нешто не е во ред - водата нејќеше да си оди, а ми беше страв, кога казанчето повторно се наполни, да пуштам пак вода за да не направам уште поголема белја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога бев помала, гледав дека некои од поголемите деца одеа по мостот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се сетив колку вика мајка ми кога ќе влезам внатре со чевли и веднаш се почувствував како да сум сторил злодело.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Работите течеа како што треба - освен што ми беше страв да се мрднам да не скршам или да не извалкам нешто, се чувствував пријатно меѓу роднините, дури и со мојот братучед кој малку омекна кога му подарив неколку видеоигри.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Отсекогаш ми беше страв од мостот затоа што беше повисок од мене и не се мрдаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Пфффф, - направи Бистра со устата и таа почна да се качува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми текна дека така ми велеше една медицинска сестра откако ќе ми земеше крв, а јас плачев затоа што ме болеше и ми беше страв.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе ја подотвореше вратата со синџирчето, ќе погледнеше кој е таму, најчесто велејќи ми "чекај", иако секогаш ми беше страв дека ќе ми ја затвори вратата и нема пак да ми ја отвори како еднаш порано.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Никако не можев да се опуштам, обвинувајќи се дека повторно некому го блокирам тоалетот, овојпат можеби на мојот сонлив тетин, и прашувајќи се како ќе ја истерам смрдеата оттаму ако навистина успеам да се олеснам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мислам дека и нејзе најмногу ѝ беше страв од мостот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Седиштето личеше на муцка од крокодил и на Дора малку ѝ беше страв да седи на него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си мислев на тоа додека ја чекав да ми отвори, затоа што знаев дека е дома, а нејзините веројатно беа на работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Така секогаш си мислев, па затоа и мајка ми исто така се плашеше и ми рече да не одам никогаш на лулашки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакав и јас да играм, ама ми беше страв од мостот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајка му на Дино ми упати еден битен поглед.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа ми текна колку пати од една огромна кофа што ми ја купи татко ми сме јаделе еурокрем со Мони и си реков дека можеби и не е срамота тоа што ми се јаде додека ја гледам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Тука е некаде, ја видов, се врткаше тука кога готвев, - се обидов да ја утешам свекрвата, иако ми беше страв и гласот малку ми затрепери.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тогаш мачката молскавично ја крена предната шепа и силно ме изгреба долж целата рака.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Последниот нејзин жител – полјакот Аврам, кој што беше страв и трепет за децата што идеа во бавчите да крадат праски умре за време на војната и на негово место не дојде никој.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Првиот пат кога преминаа преку реката, ⥊ беше страв.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон мораше да ја грабне за рака.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој ја немаше допрено од кога се роди бебето. Мораше да ја повлече.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сето време Петре правеше така што нам од една страна ни беше страв од учењето што ни претстоеше, но од друга страна, нестрпливо очекувавме пак да одиме на учење зашто знаевме дека таму нè чека нешто што ниту сме го знаеле ниту пак сме помислувале дека е нешто за знаење.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Јас многу сакав да можам да се решам да го прашам дедо Стефан да ми раскаже како го изгубиле неговите кога со тапијата бегале од Турците, ама ми беше страв: се плашев дека ќе ми свика како што имаше обичај.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Од тоа мене ми беше страв. А ги познав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ми беше страв.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се чудев што да правам. Да отидам со такси, помислив, но ми беше страв да не го испуштам автобусот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од сѐ, најмногу ми беше страв брат ми да нè се изменил, да не не е веќе таков каков што беше, да не ми се чини како туѓ. Како ќе живеам со туѓ брат?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми ме затекна така замислена и ме потпраша што мака имам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)