бев (гл.) - судбина (имн.)

Таков е возачот Коле и во негови раце ни беше судбината додека се влечевме по автострадите од Скопје, кон Белград, Будимпешта, Братислава, Брно, Прага, Дрезден и, најпосле, во Источен Берлин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секогаш неразбран, секогаш осамен, тоа ли беше судбината што Бог му ја одредил.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Попладне во пет, „састанак”! – викнав подотворајќи ја вратата на поминување крај собата на брат ми. - Губи се! – свика тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, што можев, таква ми беше судбината!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Некои, постарите, прибегнуваа кон метафизичкиот одговор: виновна ни беше судбината, Балканот е проклет, судирите во него се неизбежни, судирите на етнички, верски, цивилизациски план, а други кон дијалектичкиот одговор: зарем судбината нема свое име, зарем не е алиби да се избегне одговорноста, зарем противречностите не се помируваат, зарем хармонијата на разликите не е дефинитивната разврска?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секоја генерација беше во извесна смисла повторувач во балканската историја, осудена сизифовски на нов почеток, постојано со атавистичкото прашање кој беше виновен!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Волкот беше тука и не можеше ништо да се менува. Судбината си беше судбина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тие мигови на безизлез, да имаше малку пеницилин или некој друг антибиотик, подруга ќе беше судбината на нашето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да не беше судбината на козите, сѐ ќе си имаше поинаков тек.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да беше козлето во балканските планини, друга ќе му беше судбината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку беше силен инстинктот за опстанокот во кружниот живот на јагулите, размислуваше Татко, а во свеста му беше судбината на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со солзи горки каква што ѝ беше судбината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)