Тогаш отпочна еден бој, во кој многу глави распукаа и целиот снег на брегот на вирот, покрај што беше в час изгазен и со крв се ишара.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дежурниот офицер ја извади книгата заповеди и почна да чита: „ЗАПОВЕД“ „Ѓорѓи Делчев, јункер од ова воено училиште, за давање недозволени книги за читање на јункерите, кои беа в затвор, се казнува со пет дена строг затвор.“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Гоце ја заврши првата година во военото јункерско училиште во Софија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Иако навидум сѐ беше в ред, сепак, Рада размислуваше и за својата професионална иднина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Неговото лице беше в сенката а Мануш и Јанкуло, потпрени еден на друг, не можеа ништо да му прочитаат во очите и чекаа уште побледи од порано.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Навреме пресмета и навреме беше в заседа: кога врз меката светлина на театарската испразнетост легна сонлива тага, тој беше в сенка и самиот сенка, темна и непривлечна закрпа на ноќта, па се насмевна кога се сети на смоларите и нивните копнежи по врело месо...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Дали тој за тоа беше в затвор или поради нешто друго – не знам да ти кажам зашто во тоа време изгледа се случи и едно ограбување на некоја продавница, дали во Брезница или во Ливаѓе – не знам...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Шпион! Тоа име стана негов крст на кој тој се издигаше над сите на селската Голгота, и би негово право да пцуе или да молчи, или пак, со рамнодушност, за себе, да ги ора доброволно нивите на оние домаќинства чии машки глави беа в град или далеку.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но, нешто не беше в ред.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Му се чинеше, за сето време, дека ги слуша зад себе и оние тупи скокови, тие пуфтаа веднаш зад него, му беа в петици, бегаше пред нив, со последната душа во носот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бев в затвор. Ја затворив зад себе вратата и застанав пред него.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- А, си гледал ли некој филм со Брус Ли? - го прашав. - Еднаш кога бевме в кино со мајка ми...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Не знам колку време бев така наведнат; кога се исправив сета соба беше в пламен.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Значи вие бевте в село. Кој ви е роднина? - Сите...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тоа веќе беше в ред, тоа веќе однапред го знаевме. Пред седум дена.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Оливера Срезоска сега не издржа. Со тоа што ѝ беше в раце го нападна, со перодршката со која ги бележеше нашите одговори. Проклет да бидам, со перодршката.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во оној син фустан и со бела шапка. Само чевлите не ѝ ги видов.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Бев в црква. Запалив свеќа. А до мене Анастасија, на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Или едноставно не сакал да ја сподели со жена си. Зар беше в ред тоа?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кога реков: протрчавме низ животот мислев токму на тоа. На животот и на трчањето. И ќе беше в ред ако...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)