Тогаш тие и се ограничуваа да го средат барем само она, што беше околу нив, барем што беше во нив, а она другото го мавнуваа .
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тие, кои беа околу него и тие кои беа околу оние кои беа најблиското негово окружување и сѐ така до најнискиот во партиската хиерархија, го создаваа тој неприкосновен авторитет на Захаријадис.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Еден куп луѓе во бели мантили постојано беа околу неа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И сите решенија почнаа да се исполнуваат со најтанка точност по планот што го подготвуваше коџобашијата со другите советници што беа околу него.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Неколку кози што беа околу него, имаа широко, мазно лице, испуштаа гласови како луѓе. Тие сигурно беа луѓе...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Поради сите тие причини, а најглавно затоа што Македонците за своето ослободување од грчкиот патрик и од Турција до последната руско-турска војна работеа заедно со Бугарите под името Бугари, а местата за таа борба беа околу Бугарија, т.е. во Стамбул, Влашко, Југозападна Русија и Србија, кои (места) помагаа во ослободителната работа најмногу да бидат застапени Бугарите, – помогнаа да се објави источното бугарско наречје за литературен јазик на Бугарите и Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)