бев (гл.) - блед (прид.)

Толе се изненади на неговата љубов и приврзаност, но за него таа беше бледа сенка од бело облаче, која за час исчезнуваше под светлите лачи на јулското сонце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Понекогаш, резултатот беше бледа сенка на господарот од метрополата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите овие гестови не поминаа незабележани од Рада. Беше бледа како крпа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ема трепереше. Беше бледа, студена и нема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јованче Крстов беше блед како крпа, со обесена глава надолу која повремено бавно ја поткреваше и пак ја спуштаташе, гест што можеше да значи некакво одобрување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ми ја зеде главата меѓу дланките и ме погледна в очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сите тие беа распоредени од мојата десна страна (освен Ема, која седеше на левата страна од мене, и не можев веќе никако да ја видам како што не можев сега да ги погледнам оние три букви од кои двете крајни извишени и споени со мало и, она НиЕ на средината од пластичната папка на досието што стоеше на десната страна од мене, на масата пред мојот адвокат Стојко Руменов кој лактите ги имаше ставено токму на папката, со лесно спуштени образи во дланките, чекајќи го отворањето на судскиот процес) и сакав во тие мигови, кога сè се одвиваше надвор од мене, да се обидам, со благ засек на сечилото откосо, онака како што јас можев да го направам тоа, да ги расфрлам сите деланки под кои се крие вистината за овие луѓе за да допрам барем дел суштината на која, отплеткувајќи го клопчето, ќе цели судијката, жена од педесетина години со несредена, со бела, како снег бојадисана коса, и со силно нашминкани усни, но истовремено во мене се раѓаше отпор кон таквата намера која требаше да ме врати на почетокот, а јас се плашев и бев преслаб сето тоа повторно да го изживеам на начин како што го живеев дотогаш и затоа ставив црта, и си реков: „Ова е крај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кожата ѝ беше бледа, градите полудетски и минијатурни, Александар претпоставуваше дека и очите кои не можеше да ѝ ги види се сини како небото во јунско утро над неговиот град.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Беше блед, се потеше, како пред кап. И рече: „Влези во западната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И иако беше бледа, исцрпена, измачена, изгледаше поубава од кога и да е.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа дојде уште еднаш кај него; беше бледа, дамкава, обеспокоена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Рацете и градниот кош беа блед, му наликуваа на туѓи, вештачки. – Зарем ова е моето тело – помисли со галење.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Беше блед и исплашен како виновник што очекува уште еден удар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Под тенкиот слој на земја што 86 okno.mk тој се обиде да ја исчисти со рака, ногата беше бледа, како јагода, мешавина на посекотини и рани, со парченца песок и чакал во раните.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На лицето го немаше веќе оној блажен занесен изглед. Беше бледа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не минаа ни три дни, а недостигот од козјо млеко беше очигледен: образите на децата веќе беа бледи зашто млекото од козите беше главната, ако не единствената храна на многу семејства во Козар маало, во градот, насекаде во пасивната сиромашна јужна република, која мораше веднаш, небаре по наредба да доживее брз индустриски развој.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)