- Гледајќи, пак, една од оние поретки претстави што успеав да ги догледам докрај, една аргентинска што гостуваше на МОТ, видов како се танцува танго во живо, што само по себе, ако сте во несамокритична состојба, е убаво задоволство, но тогаш, како и сега, јас бев вдлабочен во себе, и веднаш ми светна откаде Кортасар, Борхес и Сабото станале големи писатели.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Инаку „Nevada“ ми беше полесна, полежерна за носење (затоа ја држев на левата рака), „Ракетата“ упорно ме потсетуваше дека работите не се мерат само по изгледот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)