бев (гл.) - втасан (прид.)

Со Катерина бевме втасани негде кон крајот на пораката Високиот глас на младите, всушност веќе навлегувавме во оној дел од написот во кој се спомнуваа и резултатите од зафатите на младите, и на нивните големи и високи цели со кои се ветуваа и големи преселби на сезоните, кога Катерина сосема неочекувано ги крена рацете од машината и ги пренесе на моето теме; постапуваше како да зема во рацете посакуван предмет но тоа го стори многу внимателно и со двете раце, како да се плаши дека ќе му ја повреди убавината и скапоценоста на предметот што го зема, ме сврти кон себеси и ми се загледа во очите: - Ете, тоа се вистинските зборови!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)