Затоа и беше горделива, лесно раздразлива, оти гордоста доаѓа од слабоста, од недостигот на верба во себе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Домаќинот мој сето тоа со свои очи го гледаше и, бидејќи не беше горделив и самбендисан како свекрва ми, Господи прости ми и тој мене вината не ми ја фрли та да земе да ме истера, туку и гревот и несреќата си ги делевме како да се колку на едниот толку и на другиот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)