бев (гл.) - зафатен (прид.)

Тие абдали, не знам кои беа, што беа зафатени со таа работа да го заклопат сандакот, најбезобзирно го стегнаа капакот, прстите ќе им ги скинеа мурдарите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тие денови селскиот старешина беше зафатен, како што ни раскажуваше самиот, со идеите и волјата на еден голем добротвор, трговец од Маказар во Истанбул, по име Никола Поцо, да почне изградбата на нова црква, да ископа голем бунар насред селото за доброто на жителите кои лунѕале по вода наоколу по изворите, да го поправи за своја сметка расклиматениот мост на Маказарската река и некои други работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие денови селскиот старешина беше зафатен, како што ни раскажуваше самиот, со идеите и волјата на еден голем добротвор, трговец од Маказар во Истанбул, по име Никола Поцо, да почне изградбата на нова црква, да ископа голем бунар насред селото за доброто на жителите кои лунѕале по вода наоколу по изворите, да го поправи за своја сметка расклиматениот мост на Маказарската Река и уште некои други работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас не ја гледав целата работа, оти бев зафатен со трговијата во Цариград.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше сама во ресторанот па иако со гости беа зафатени неколку маси, вештата домаќинка се снаоѓаше насекаде навреме да услужи. Сакав да каснам наше јадење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гледавме во неа, во нејзиното бледо лице и потемнети очи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Попладнето бевме зафатени со пробите во оркестарот, со состанокот во новинарската секција и немавме време да наминеме во паркчето, до нашата клупа, за да се најдеме со Љупчо и со Џеронимо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Рашири раце небаре сака одеднаш четворицата да нè прегрне. А ние стоевме стаписани, без глас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тогаш, низ пламен, јас сам во пламенот ги фрлив и расото и крстот но приграбив дел од свитоците кои сè уште не беа зафатени од пламенот и легнав врз нив, јас Антонио, сега стракче трева изгорена меѓу дамнините и заборавот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И заповеда од мене насила да ги симнат крстот и расото!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
За неговата среќа никој не идеше тие дни во планината, бидејќи сите беа зафатени со полски работи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Охохо!“ — се издиши длабоко Сиве и почна да си крои планови што ќе прави со толку пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овчарите најмногу беа зафатени.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека беше зафатен со работа не мислеше на себеси, на тоа како ќе се чувствува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Додека наредниот ден беше зафатен со своите пациенти, од полициската станица му се јавија да оди таму - не кажаа ни зошто, ни кога, само да најде време и да појде до нив.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Возот беше толку полн, што беа зафатени не само сите седишта ами и мрежите за багаж над нив, па и празниот простор за нозете под седиштата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гого ја слушаше не за друго туку затоа што беше зафатен со потиснување на крупните залаци во прегладнетиот стомак, но кога заврши со голтањето ѝ се сврте па ја одмери како првпат да ја гледа и не да речеш да ја прекори туку ѝ се зачуди: „Мори жено, и ти понекогаш си била умна!”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му беше излишно да бара потврден одговор од старата која веќе беше зафатена околу шпоретот: сметаше, од друга страна, дека сега не е уште момент да седне спроти стариот за да го рапрашува како е, каде бил и зошто го држеле, ако тој воопшто смееше нешто од тоа да каже; а најпосле, веќе го чекаа новите другари на филмското ѓезме.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сакав да проверам кај Живко дали и тој истото го забележал, но Живко беше зафатен со Предо: му објаснуваше дека ако лапнал дафинов лист, него сега желудникот му го дроби, како свилената бубачка што го грицка дудинковиот лист, и му треба (погледна во рачниот часовник) толку и толку време за да го сомеле целиот, а на Предо му останува само да седи и да пие кисела вода - се разбравме?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа прва стануваше наутро и последна легнуваше ноќе, а преку целиот ден постојано беше зафатена со безброј задолженија дома и во градината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Без да биде свесна дека сама си се лекува од состојбата во која се наоѓаше, таа ќе стануваше и постојано беше зафатена со непотребни секојдневни работи во куќата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој одеше на школо, беше зафатен со учење а и нови другари си фатил.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Утредента Митре уште не беше дојден, а Крмакот беше зафатен со дерење, со грб свртен кон мене.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Не ми беа за продавање“ најде за потребно да објасни покажувајќи со прст кон пилињата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно ништо што би можело да го задоволи нејзиното љубопитство бидејќи и подоцна, кога се врати во купето, сѐ уште беше зафатена со својата отсутност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вакви особености не можев да забележам кај мене секако затоа што бев зафатен со другите и премалку се контролирав, кај Димка, едноставното и глупаво момче и кај полугладниот, издрпан студент, апсен на првиот ден Велигден, кому зад грб му се потсмеваше дебелата жена на инспекторот, покриена со голема сламена шапка и слична на отровна печурка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Татко ти се разбуди со болки, па цело претпладне бев зафатена околу него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Го оперираа пред две недели.“ Всушност, беше зафатен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постојано примаше пациенти, а навечер пишуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа обединувањето беше зафатено врз почвата на тоа што Македонците се викаа Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Девојката не се ни помрдна од местото кога братучедот застана до неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му упати молежлив поглед на човекот со лузната, но тој беше зафатен правејќи совршени крукчиња од чад со усните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Речиси целиот град беше зафатен од садови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сѐ им се допаѓаше, а сѐ не можеа да купат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бев зафатен: ја следев својата сенка, тој проклет дух,што се влечеше по разјадената калдрма, упорно, пред мене и зад мене.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Додека госпоѓата Камилска во кујната беше зафатена со подготвување на јадењата за послужување, Мајка на веќе седнатите Татко и Камилски им го донесе првиот подавалник со ракијата, мастиката и двете чашки, а потоа го постави на масата и поголемиот подавалник со раскошното мезе во повеќе чиничиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се чинеше дека зарзаватите од нејзината градина, чудесно подготвени, се прелеваа во разните чиничиња, светнати од маслиновото масло.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се погледна на малиот дел од огледалото, другиот беше зафатен од книгите кои, се чинеше, веќе се движат низ собата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше зафатен со шпилот нови карти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Цел ден со нешто бевме зафатени, што се вели, нешто работевме, бевме растрчани, раздвижени, беше топло.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Браќата преку ден беа зафатени со некаква работа, преку ноќ љубовницата им ги цедеше соковите и ги изморуваше оставајќи ги секогаш да `рчат и да се разбудуваат жедни и стуткани под своето ќебе...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потоа ме изморија од сукање, постојано ме тераа – ајде Миле, мене помогни ми, другата исто така и постојано бев зафатена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Можеби само му мавна со рака на Симона, додека овој беше зафатен со ѕидањето, а не застана, зашто осеќаваше дека не е многу пожелен за престој кај нас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кадијата и беговите да си направат овде – на земјата – рај, а сејмените – да си го осигураат него на оној свет, кога веќе овдешниот беше зафатен од посилните та немаше место за нив. Co вакви пеколни мисли колоната го помина селото Штавица, кое одамна беше чифлиг на Сефедин-бег и излезе на високиот рид Слива, од каде што се прогледа мариовската котлина обрастена со честа борова, букова и дабова гора.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите беа зафатени со себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Советскиот сојуз до пред половина година беше зафатен со војување во втората светска војна. u Што мислите за теориите на John Naisbitt во “Megatrends 2000”?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бидејќи клупите беа зафатени, требаше Крсте да седне во една со Нешка, но даскалот не беше уште „современ“ да кладе машко и женско во една клупа и тоа јабанџии, ами го скорна брата ѝ на Нешка, Стојана, го кладе таму Крстета, а Стојана го намести во првата до Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Петко фати аргати да се собере бериќетот од Биновите ниви и Крле беше зафатен како сите деца за првпат во својот живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка беше зафатена со постојаната, со деноноќната борба за преживување на семејството, за нашите среќни детства, се грижеше за Татковите книги и за неговото спокојно читање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка сакаше да седне во еден од последните редови, но тие беа зафатени.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но вратата од кералот веќе беше зафатена и гореше, а започнуваше да гори и скалата кон чардакот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сузан Лонг беше зафатена, милосрдна жена.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Стануваше значи збор за целосен тертман од рамињата па сè до прстите!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Денко Самоников, за чие присуство наеднаш станав свесен, со очигледна вознемиреност се обиде да го фати погледот на Јана а таа тоа не го забележуваше; Јана по сè изгледа, беше зафатена со оценката на моето понатамошно однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но Жолтко веројатно не го беше здогледал одговорот на моите раменици бидејќи беше зафатен со пребројувањето на некој ситнеж што се наоѓаше во неговите раце.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Извлечен е од споменарникот на оние денови во кои и јас бев зафатен со подготовките што се поврзуваат со можниот лет на Загорка а се однесува на милувањето или како што самата ми рече: те молам, измазни ми ја кожата на рацете.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А притоа бев зафатен од помислата: дали тоа ми испраќа нејасни пораки вљубеноста на Денко Самоников или сум заинтригиран од жената, поточно од начинот на кој ја водеше љубовната игра; или пак сè уште се движев низ присутната сенка на онаа чудна изјава на жената дека сета е дождлива па во моето вообразување шеташе како топол летен облак; или летниот топол облак се беше веќе престорил насмевка и дланка; насмевка на нејзиното лице и дланка на нејзината рака што шета по лицето на пријателот?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакаше веројатно да ме предупреди дека секое понатамошно задржување може да ми наштети.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тетка Боса која беше зафатена со замрсениот клучец на нејзиниот скутник наеднаш сфати што ѝ кажува гостинот, го повлече скутникот од половината како да фрла настрана дел од себеси, и за момент остана зината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само во еден момент, додека Бунде беше зафатен околу големата гравирана шнола со знаци на риби од јужните мориња на косата на Јана, Катерина се обиде да ми даде знак со раката дека треба веднаш да ја напуштам просторијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но таа беше зафатена со течноста што ја полнеше чашата. Почекав да ме погледне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Погледнувам таму на хоризонтонтот... најдалеку...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ги здогледувам сказалките... Токму тие од станицата Орсе... огромните сатови...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се бесеше за оградата за сама да ги качува скалите, успеваше да се искачи од еден на друг кат додека бевме зафатени...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
До војната луѓето беа зафатени со мислата да направат што поубава, што полична куќа; одеа на печалба, во свет за неа; делеа од устата, робуваа довека за неа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По цел ден беше зафатен со читање туѓи писма, слушање снимени телефонски разговори и гледање видео снимки од камерите поставени на улиците, во библиотеките и плакарите во домовите на граѓаните.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И јас бев зафатена, пишував писма.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го ставив месото во чинијата и почнав да го одвиткувам од кожата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Беше зафатен со мисли како да се избегне оваа опасност што се испречи пред нивниот пат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Веќе се стемнуваше и наскоро сите маси во кафеанчето беа зафатени со по двајца-тројца, се помлади луѓе од селото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека Пелагија беше зафатена со малечката и трите внучиња на Петра, Танаско го цапаше длабокиот снег низ градот и успеа да призне во сите местенца по предградијата на Скопје каде имаше засолнато Егејци и на крајот одлучи своето јато да го пресели под Калето, во Фестивална, односно, во задниот дел на Фестивална имаше едно слепо место што гледаше кон кривината на Вардар и голите дрвја на Паркот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)