бев (гл.) - збунет (прид.)

Во текот на средбата бев збунет од професоровото тврдење дека тие не можеле да разговараат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но во мигот кога Шефот ми нареди да го свртам листот и тоа да го направам веднаш, (“нема веќе рокови, се е миг,” ми рече затворајќи ја вратата на кабинетот зад мене), јас бев збунет, молчев, немав збор за прашање.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Срната, откако за пред малку беше збунета поради тоа што ја напуштивме, дојде и застана зад нас божем и таа да слуша.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Трајче беше збунет.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се трудев да не покажам претерана нервоза. Повеќе бев збунет, отколку лут.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но Милан беше збунет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Едо беше збунет. Не знаеше што да прави, но Инес му го приближи лицето толку многу што тој се исплаши дека жилите на вратот ѝ се претегнуваат и дека дахот го губи; ја почувствува нејзината задишана топлина во образите па во мигот кога бакнежот стана неизбежен, таа, одеднаш, се тргна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Велиш, нивна работа? - беше збунет старецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Не сум знаел, - беше збунет Денко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нејзиниот втор сопруг беше збунет, возбуден, ама и весело подвикнуваше и јаска су ви фамилија, ако не су ваш, и јаска ве милвам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Бевме зачудени... Беше збунет и Трендафил.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Поставувавме правила, ветувавме, могу се обидувавме да бидеме самокритични, ама ретко ни успеваше сетоа тоа да го реализраме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој беше збунет и гледаше покрај мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Место тоа, смекнував и бев збунет.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тренерот на третата база, пасторот Рик, постар пастор во Бетани Баптист, беше збунет.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Грдан беше збунет, збунет до исплашеност, како што не бил збунет на ниеден испит, па безглаво по ветер отидоа сите нивни дотогашни разговори за прочитани книги и за книги што треба да бидат прочитани, за посетени градови и што чекаат да бидат посетени, за далечни земји и земји во кои би сакале да живеат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да беше останат насамо со неа пред половина од годините што ги имаше денес, Боге веројатно ќе беше збунет како средношколец пред матурантка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бев збунет. Другите времиња беа нејзина опсесија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Добро, бев упатен во тие потраги, но тие беа нејзин труд а јас можев да ја придружувам, и тоа само во фантазијата потајно, и негде скраја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакав да му речам дека тоа веројатно нема да се случи со оглед на моите обврски кон Катерина, но сепак премолчав; навистина бев збунет од неговото однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Толку бев збунет што се најдов во ваква нова средина, што дури во тој момент ми текна дека моето не толку далечно семејство е нешто невообичаено, дека дури и мајка ми и баба ми, кои дури двапати годишно ги чистеа ѕидовите од станот, не беа толку чисти, уредни и вознемирени околу чистотата на куќата како што беше тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За последен пат добро се препотив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А, кога Енди беше збунет, гласеше: “Wo...wo...wo...wo...what do you mean!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Еразмо беше збунет.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Изгледа бев збунета. Одговори: „Водата!“ „Знам, ама за што стануваше збор?“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Молчев. Или бев збунет од неговото признание.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Филип Д. очигледно беше збунет.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)