Таа, како една од постарите џамии во градот, беше изградена уште во почетокот на XV век.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Четвртиот простор беше изграден настрана од патеката на каерата: тоалетите со блескава белина како полигон за прељуба и едноставен заплет за којшто ни зборува и насловот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Куќата беше изградена од камен - што беше невообичаено за околината.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таква пирамида, впрочем, и реално беше изградена во Тирана...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кланицата се наоѓаше недалеку од градот, на брегот на реката, меѓу острите спили на кои беше изградено Калето и стените на ридот отспротива, на кои мноштво белоглави орли, мамени од мршите, ги градеа гнездата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ниската крчма што беше изградена само од трупци, се наоѓаше на стотина стапки од автопатот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа беше одушевена од малата воденица за мелење жито чиј воденичен камен се вртеше од еден млаз вода што бликаше од една прскалка од црево, а се одушевуваше и од мостот-играчка, што беше изграден од тули, кој ги издигаше своите грациозни сводови над малиот вештачки вир што се полнеше од водата што го движеше воденичниот камен и во кој Милан одгледуваше една златна рипка, и некои необични водни растенија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ни вети дека ќе ја посетиме Ванга каде што уште од повоените години, во речиси ненаселениот остров, беше изградена Титовата летна резиденција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Најнапред ги кладе на хартија новите сознанија; го премести оџакот на покривот на Алмаковци; потоа се зафати со преправки на црквата што беше изградена на височинката над селото..
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)