бев (гл.) - искрен (прид.)

Љубовта беше искрена, чувствата беа вистински, чувствувавме страст, интимност, посветеност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Беше прекрасно и толку длабоко, храна за душите, подарок за секој нов ден, совршен свет без да жртвуваме ништо, ослободена љубов од сите бизарни стеги на секојдневието.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И знам дека моите чувства секогаш се претвараа во тага, а желбата за среќа беше искрена, но никогаш не научив како да ја претворам во пријатна, едноставна убавина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Оваа душа е кревка, бара љубов, сака да ги скроти своите неуморни амбиции, своите базични емоции, сака да се помири со самата себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но барем бев искрена и кон него и кон самата себе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ако не друго барем за целото време бев искрена со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мртво се смеев на неговата маленкост. Чувствував дека знае колку си е ништожен сам на себе, па барем беше искрен во признавањето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Заедно работевме. Бевме искрени пријателки.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас бев искрен, затоа ве молам и вие да бидете искрени кон мене, со што полесно ќе влезете и поубедливо ќе го доживеете светот во кој сакав да ве воведам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тешко беше да ја излажам нешто, мислам затоа секогаш бев искрена со неа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Што би мислел Едои како би постапил, таа да беше искрена со него, - не се знае.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Тоа го знам! – му излета („тука беше искрен“, си се пофали, ама патникот како ништо да не забележуваше, тука само го чекаше следното прашање). – Па, те стигна ли?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Каков град, види ја државата бе. Никој не води рачун за ништо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Си спомнуваш на она што ти го реков на разделувањето таа ноќ?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, твоето свирење е нешто друго – бев искрена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мила навистина умееше убаво да ги движи прстите по црно-белите клавиши на клавирот, и од него да излегуваат пријатни звуци.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не ми се случило, ама сакам да ми се случи – беше искрен братучет ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти сакаше да се сретнеш со мене сега, нели? - Да, сакав и тоа многу! – бев искрена. - Ете, затоа се сретнавме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Брат ми често вели дека постојано си опкружен со згодни женски, дека сè само „авиони” се вртат околу тебе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мојата постапка е родена токму од истите цели: културата, не само во Русија туку и големите култури на Европа се засновани врз критичкиот метод што е програмиран да укаже на слабостите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Моите намери беа искрени: деструкцијата е валидна форма на критика која ја сметам за многу важна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но не знам дали ќе бев искрен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не спомнав дека со ова што го кажувам застапувам еден свој принцип, инаку да бев искрен ќе го речев уште веднаш она што навистина го мислам, дека не верувам оти тој, што ја одвел ќерка му, ќе се усреќи!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега, сосем оправдано, се поставува прашањето за мотивот и намерата на ваквото, на моменти и шесткратно зголемување на глобите – дали тоа беше искрената волја да се запре со перманентното повредување на работничките права, или, пак, да се наполни државниот буџет, и тоа од ставката на т.н. неданочни приходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Трим Тоска беше искрен и отворен човек, си ја кажуваше директно вистината, можеше и да ја одмолчи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)