бев (гл.) - критичен (прид.)

Сакаше да ѝ зборувам за генезата на албанско-македонскиот конфликт во Македонија како закана за мирот во земјата и во регионот, закана за албанско-македонскиот соживот во кој истрајуваше моето семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа беше критична кон Европа која во својата богата историја, од која произлезе модерната западна цивилизација, не можеше да се ослободи од војната, туку беше и предизвикувач на светските конфликти.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сега можам само да жалам што најчесто му повладував, не бев критична и не се обидував да го доведам на место, што се вели, и така на вештачки начин му создавав чувство на поголема вредност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но на крајот, јас морам да ви раскажам уште еден настан поврзан со Патрик Крисман и неговата мисија на Балканот. 1997 година не беше критична само за Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елен Лејбовиц, можеби повеќе поради судбината на мојата балканска сага, започна да ја следи со аналитичен интерес европската политика кон Балканот во критичните воени времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)