Болниот беше лесен како перце, но спуштањето беше долго и заморно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога се враќаше дома навечер од корзо, Баге прво ќе свратеше кај него и ќе го кренеше на раце како рулче - беше лесен како перце и сув како лешник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Гого само за кратко се поврати, присобра последни сили и на закопот, откако тргнаа од капелата по ковчегот кон гробот, ја зедоа подрака, тој и Гоце, жена му, а мајката која веќе беше лесна како сенка макар што се сопнуваше на секој чекор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Нешто, со кое цврсто стоеше на земја, сега пропаѓаше во него и тој беше лесен, но не лесен од што му беше лесно ами празен, толку празен што можеа да го однесат и облаците.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Одлуката воопшто не беше лесна, но секундите врвеа.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Требаше пред сѐ да ја измијам, облечам и нахранам Ели, а тоа не беше лесна работа. Таа разгаленка ми правеше многу незгоди.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Бисквитите на Киова Индијанецот беа лесни и вкусни, а неговото кафе густо.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По вкусната вечера, Сем ја откопча торбата од зелена патка и ја извлече гитарата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Зар толку беше лесна што ја однесе првиот малку посилен ветрец.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Непроменлива во движењето, матицата ги повлече. Бавно и сепак сигурно ги носеше кон море на кое никогаш не ќе му го знаеме името.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Иако гардистите на Мортенија или на некој што управува со неа, не беа лесни, ги носевме кон брегот на реката и ги сместувавме во дрвените чунови. – по двајца или тројца во секој чун.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тој на почетокот повеќе како да сакаше да задоволи некаков каприц на Камилски, кој беше во духот на времето, односно на XX век кога по пресметката со Османската Империја, сојузниците (Англија, Франција и Русија во прв ред) и новите- држави нации на Балканот сакаа да го искоренат и цивилизациското наследство, но, како што обајцата увидуваа на примери од нивната мисија, тоа не беше лесен процес со согледливи резултати!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој беше уверен, а во тоа се убедуваше од ден на ден, од нов турцизам до нов турцизам во текот на нивната работа како и самиот Камилски дека балканските народи се блиски до османската цивилизација повеќе отколку што сакаат да бидат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но да си откриеш дефинитивно кој си и кому дефинитивно припаѓаш во сплетканите балкански корени не беше лесна работа, најчесто невозможна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Цел тој ден течеше многу, многу бавно, споро, секоја минутка, секоја секунда беше лесна како воздух, исполнета со најчудесните чувства на светот, но траеше дооолго, времето не минуваше, како да застана и така остана.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Дарвиш замислено продолжи: - Но, за жал, изненадувањата секогаш се подготвуваат вон метафизичките сфери, во жестоката реалност на светот со вечно неразрешени противречности.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Враќањето во Палестина не беше лесен процес макар што Арафат успеа да ги најде храбрите, чесни и далекувидни Евреи, подготвени да живеат едни крај други со Палестинците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога проговори, гласот му беше лесен и разговорен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Најпосле бегот воздивна тешко:
„Да ти кажам сега зошто те викав и дека овој долг муабет не беше за бадијала, иако мене не ми беше лесен, да знаеш.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
ЛИПА I Кога се решив да ја исечам неа кога се решавав челото со градушки ми се оросуваше а срцето ми биеше в грло кога се решавав зашто одлуката не беше лесна да се исече врсникот мој со кого растев од ластар што го следев до вита стеблика со која си игравме на врвот јас нејзе поткрепа ѝ бев таа пак мене лулка таа мене устрем во височини јас нејзе заштита од бубачки и мравки од црвојаднина.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ќе се бранам со сите можни аргументи како среќен заложник на Вавилонската кула и како упорен среќен Сизиф на сите зборови на луѓето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но патот не беше лесен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Од сосема нормална состојба речиси неусетно прејдов во онаа другата: бев свесен; моите мисли и чувства беа во склад со таа свест и тој преод беше лесен и јасен.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Не беше лесна борбата со Бога на небото, ниту пренесувањето на рајот на земјата!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Било договарано да биде покопан на Пленпале, гробишта кадешто се покопуваат швајцарски значајни луѓе, но тоа не беше лесен потфат.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Најголем дел од тоа време го минав со Марија, новинарите и издавачите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога швајцарските власти конечно го одобрија погребот на Пленпале, тој беше закажан за четврток, 18 јуни.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Имав речиси четири дена да го убивам времето во Женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Песничките што ги учевме беа лесни и весели.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)