Петлите беа моќни птици, со цврсти нозе, со огромни канџи, со шии жилави како кабел и со клунови како клипер.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Двајцата старци - татко ѝ, самарџијата Димо, уште беше моќен, а и свекорот Пајко, кој малку по малку го препушташе дуќанот и занаетот на сина си Марка, сѐ уште повеќе ѝ помагаше нејзе, отколку таа нему.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Марин Крусиќ стоеше со главата надолу, а пантоланите му се надуја под мевот, но тој сепак беше моќен и моќно се смешкаше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Немоќен на земјата, како птицата албатрос, тој беше моќен кон небескиот пат, со крилјата на слободата! - ја продолжив размислата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Арафат беше моќен во светот на химеричните идеи кои го создаваше околу себе, кои го водеа кон слободата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Познато е од грчката митологија кога Белерофон го заробил Пегаз и го јавал во многу свои походи, но кога се обидел крилестиот коњ да го јава кон небото бил отфрлен и убиен, а Пегаз останал на небото како дел од некое соѕвездие...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нема белег дека беа... тие, кои беа моќни со дух и верба, беспримерно храбри, посветени и безимени!
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Некаде помеѓу белката и жолчката на космичкото јајце, пулсираше живиот човек, со огромен потенцијал од битија, во зачнување, но никој не беше моќен да досегне до лушпата, уште помалку, надвор од маргините на космичкото јајце, надвор од моќната обвивка на Земјата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Татко ми беше моќен во тишината, се учеше на неа кога читаше, а исчита книги за неколку животи. – Добар ден, добри луѓе! – изусти прва мајка ми. – Дал ти Бог добро, мајко! – одговори шефот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)