А јазикот мој не за собитија, туку за сказанија беше надарен и со таков мед беше орвоухранет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Животот веројатно ја беше научил умешно да ја следи патеката на своите намери.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мајка ти и покрај тешкотиите и сите други околности што нема потреба да ги спомнувам беше надарена со големо богатство и тоа не само од духовна смисла.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За него тоа беа ѕвездените мали чекори кои можеше лесно да ги заменат други чекори кои завршуваа во блиско-источниот лавиринт, далеку од слободна Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој продолжи: - Нашиот Арафат беше надарен со чудесната преговарачка моќ на Саладин и мудроста на толерантноста на еден Омар.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Значи, постоеја сите околности недоразбирањата да се изгладат и тоа без некои посериозни последици за Родна и за нејзиниот брак. Дури и без туѓо посредување.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Господи, таа отсекогаш беше надарена и од најголемата збрка да извлече лична корист.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Отсекогаш веруваше дека само поетите, големите поети, како Бајрон и Данте, беа надарени со посебни чувства и моќ да сакаат со сето свое срце и сета душа, со сето битие.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)