бев (гл.) - насочен (прид.)

Тоа согласување од 1897 год. беше насочено против Бугарија како божемна поттикнувачка на Македонците, но неговите резултати беа штетни не за самата Бугарија, зашто во бугарските внатрешни работи никој нема право да се меша, а за нас Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сиротата таа се правеше добра и пречиста, додека од лицето ѝ зрачеше измачување на совеста која ја чепкаше додека седев тука покрај неа со невиниот поглед кој ми беше насочен кон неа и нејзината нечиста природа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Лушпите беа забележливи и по подот на следната просторија, салата со шалтери, иако мојот поглед беше насочен малку погоре.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Брзината е сосема пристојна, сѐ додека не ѝ заѕвони телефонот на бирото. – Ало? – се слуша нејзиниот необично гласен сопран.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но се трудеше да не мисли на тоа, сиот напор, и умствен и физички, му беше насочен кон целта: да се фати со рацете за најголемиот раб на карпата и на раце да се крене на врвот на Орелска Чука.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Почна повторен терор кој главно беше насочен против Македонците и нивните придобивки да имаат свои училишта, весници и своја богослужба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Основата порака на телеграмата, како и нејзиниот заклучок, кој сигурно беше насочен кон вниманието на претседателот Мојсов, произлегуваше од разговорот со Хабиб Бургиба Јуниор, за однапред подготвената сукцесија од страна на самиот Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тој не можеше да живее со еден свет заснован на уживање, слобода, игра, различност и слично.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Комунизмот можеше да живее среќно со модерниот свет кој целиот беше насочен кон зголемување на производството - повеќе челик, повеќе јаглен, изградба на иригациони системи итн.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ниту, пак, шило дупеше како што неговиот ум беше насочен кон иднината на Брезница.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Имаше постар брат, но сета нејзина љубов беше насочена кон малиот Бубуш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)