И тој беше незапирлив балкански идеалист, кој спас и излез на својот идеализам гледаше во бескрајот на ѕвездените пространства, колку и да беше запиран од картезијанскиот дух на француските институции.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дали тоа беа незапирливите бранови на егзотиката кои ги заплискуваа бреговите на духовите на Европа во времето на егзотизмот, во времето на безрезервната потрага на изгубените моќи во источните вредности или причината едноставно беше во нешто друго?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)