Зошто тој не може да се помири и со мислата за загубувањето на Македонија, кога тоа загубување е исто така неминовна неопходност, како што беше неминовна неопходност и загубувањето на Србија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И се понесе пак во таа своја распнатост меѓу лакомата, ненаситна пила и дебелите трупци, секогаш ни за еден милиметар непогрешиво присутен токму на она место, каде што беа неминовни неговите раце, а само по малку веќе отскокнат на другиот крај, постојано во срцевината на сите тие мигови, непроменливо, исто како овој незапирлив писок на машинеријата, со секое делче од себе, со секоја мисла, тука. Тоа траеше цела една долга зимна ноќ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)