Кога завршив, а бев немоќен да ја нарушам неговата тишина, тој почна полека да станува од фотелјата. Тешко се исправаше.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но, кутриот Сокол Мечевски, што и да стореше и да наумеше, беше немоќен да ја смени одлуката на Мирон Донски, Татко да им се врати на сиџилите, а уште помалку да се оствари предлогот на сараевскиот ориенталист.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Јаничарската војска, со традиција од речиси пет века, не беше поврзана само со бекташиското верување туку стануваше и внатрешна сила, која беше немоќна да ја брани Империјата, за која, впрочем, и беше основана.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Само таквиот малуброен слој на граѓанство, припиени до владеачките јасли, се напојуваа како сушни предели, останатите слоеви беа немоќни набљудувачи....
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Жртвата беше немоќна. Немаше со кого да зборува.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кутриот Х.Х. беше немоќен, којзнае дали си веруваше на кажаното според инструкциите, да најде какво било разумно, логично и прифатливо оправдување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ема тука секогаш беше на заден план и јас бев немоќен да одам натаму во претпоставките.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Со сета острина на својот ум, со сите свои инстинкти, за кои дури и Мина му рече дека се слични на нејзините, беше немоќен на својот народ да му понуди нешто друго освен срам.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Пред неа беше немоќен, а најсилен, неопитен, а спокоен додека нејзиниот глас му прикажуваше, го поучуваше и го водеше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тогаш мислеше дека е подготвен да ги изоди сите дивини, само да биде негова, и му се чинеше дека секој збор што тој ќе го каже ќе биде премногу во аголот во којшто таа го притисна со своите зборови и го зароби во својата мрежа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А Мегалон беше немоќен да стори било што.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ама, што можев. Бев немоќна да изреагирам така скриена во грмушките.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Најстариот од нив имаше ставено некакво искршено тенџере на огнот и вареше нешто во него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мојата баба ја исполни куќата крај Езерото со своето младо, живо и моќно присуство, успевајќи со својата тивка моќ да ја совладува семејната патријархална доминација, која дедо беше немоќен да ја одржува како во првиот брак, да влее нова крв во семејниот крвоток.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не растевте од нејзиното срце во очите од мермер не ја вселивте залудноста на своето пролетно ‘ртење Бевте немоќни. Оставивте сама да умира.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Еразмо беше распнат меѓу два пата, прикован за сопствениот крст, кој му тежеше; покрај тоа што знаеше дека мора да го носи, беше немоќен да излезе на крај со неговата тежина, со тежината на своето сопствено физичко тело, со сето она што телото го бара!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Залудно се обидуваше да се ослободи од тие кобни мисли, но и тој беше немоќен да ја промени судбината на козичката на Сеген.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тогаш тој беше немоќен и не можеше ништо да прави.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
А Мегалон беше немоќен да стори било што.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)