бев (гл.) - определен (прид.)

— Па, што можиме и да им помогнеме, бре Ѓорче?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некои од другариве сакаат да останат како Даме што направи — и покажа на Перета и други нивни едномисленици, кои веќе беа определени во својот став по ова прашање, та дури веќе и на една страна стоеја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со единиците предвидени да го извршат маршот беа определени и воено политички раководители.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во Штутгард се поздравив со групата девојки кои беа определени да работат некаде во Келн.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ни беше определен хотел, оддалечен четириесетина километри, во Солинген, познат центар на челичната индустрија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Всушност, философијата во нејзините матични форми ги одразуваше и продолжува да ги одразува машките грижи и искуства, кои за возврат беа определени од општествените, економските и политичките услови кои што се специфично историски.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Јас и Јулијан Граматик бевме определени да ја отвориме кутијата и да ги изброиме гласовите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, егзактно реконструира д-р Мертен, нашите власти во градот известуваат дека не постојат никакви нивни „различни врски”, дури ни учество во движењето на отпорот, не постои координација со италијанските сојузници по ова прашање, па сугерираа „ова непожелно малцинство” да се остави да биде десеткувано од гладот и студот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Точно пред година дена, се сеќава Мертен, во центарлната команда самиот Фирер ги собра првите луѓе на рајхот и иднината на грчките Евреи беше определена, особено судбината на големата еврејска заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но главната цел беше определена од водачите на експедицијата, т.е. селата Градешница и Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Покрај тоа, еден многу краток тестамент со кој јас бев определен за наследник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, се случи, токму на денот на закопот да станам полнолетен, значи да стекнам право да го преземам наследството од десет илјади марки и веднаш ги прекинав штотуку почнатите студии за да им се посветам на други планови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)