бев (гл.) - организиран (прид.)

Хаос? Можеби. Организиран? Можеби не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Тоа беше организиран хаос“, вели Sizemore.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќе наликуваше на фрлање боја на платно - не знаеш дали создаваш уметност или не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Помина Ѓурѓовден, наближи Дуовден и по директивите на Ѓорчета се формираа десетина тројки што ќе заминат во внатрешноста да ги зацврснат месните организации каде што беа организирани, и да ги пренесат директивите од раководството.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беше аранжирано, како што беше и објавено, во рамките на воените маневри, кои овие дни беа организирани во северните предели на нашиот јужен сосед.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Изложбата беше организирана за деловни луѓе, и тука веднаш се заклучуваа договори за купопродажба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш доаѓа и до понагласено поврзување меѓу уметниците, растат личните контакти - тнр. мејл-арт средби (или туризам, според Х.Р.Фрикер), а во 1986. беше организиран и првиот мејл-арт конгрес, но „децентрализиран”, одржан на повеќе пунктови низ целиот свет, а пораките на уметниците од овие средби беа обединети во една конгресна книга.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Женскиот оддел на Прифатниот центар за странци беше организиран во реновираниот Поштенски дом на три километри југоисточно од Метрополата, изделен од населените места распослани на периферијата, во густа борова шума, на висорамнина од која натаму се простираа пределите на ловиштето „Рис“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Протестот беше организиран од некој Форум за демократски промени, неформална група со помпезно име , составена од дваесетина брадосани млади луѓе во излижани фармерки и по некое женско чедо, веројатно дојдени во функција на девојки на епско - демократските фигури кои што го организираа овој прогресивен хепенинг.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
“Коалицијата за промени” што ја сочинуваа ВМРО-ДПМНЕ и ДА (Демократска алтернатива) го доби парламентарното мнозинство и правото да управува со Македонија следните четири години.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 18 октомври 1998 беа организирани третите парламентарни избори на кои учествувале вкупно 25 политички партии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во паузата од половина час беше организиран коктел со мала закуска.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но перверзноста на стапицата која ви беше организирана на враќањето, кога ја минувавте границата, има нешто застрашувачко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Забележувањето се објавува на истиот начин како уписите во Трег. (чл. 26, ЗТД). 236 Јаневски против „Јасмина“ Спор за неисплатени плати и придонеси за ПИО1 Frustra agit qui iudicium prosequi nequit cum effectu.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Залудно покренал спор оној кој не може успешно да ја изврши пресудата!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вработените во ТП „Центро“, кој беа околу 500-600 на број, беа организирани во синдикат, чиј член беше и Јаневски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)