Тој беше осамен дух кој кажува вистина што никој никогаш нема да ја чуе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Жената немаше лоша душа, освен што беше осамена.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Чинот го завршив откако испив еден џин и го фатив патот за да легнам порано, зошто сонот ме лечеше секогаш кога бев осамена.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Но, Рада во расфрланото ѕвездено јато ја бараше својата ѕвезда, ја наоѓаше лесно зашто и таа како и Рада беше осамена. Подалеку од ѕвездениот рој.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Помисли колку беше осамена. Значи, замина тетка ми сама од светот во кој живееше сосема сама, помисли.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
По разводот го откачија и децата. Беше осамен, затворен, со длабока предумисла во односите со колегите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Беше осамена, изгубена, нејака. „Јано.“ Се изненади.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ветрот бараше сопатник; се провираше низ разлистените гранки, шепотеше некоја своја исповед, беше осамен и претпазлив како и волчицата, за да се споулави со првата снегулка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А куќата навистина долго време беше осамена бидејки војникот на бел коњ, на кого многу нешта не му чинеа, пред време фати пат којзнае на која страна.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кај берберот Среќко го слушале како ломоти (и тоа после онаа ноќ што ја проведе со мене) дека за прошетка се подготвува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Ни најмалку не му беше срам и не беше осамен“, ни вели раскажувачот на Катер.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Всушност, со еден исклучок, целиот расказ тој со никого не е во блиско друштво, освен со себе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со мојата аверзија кон оружјето, но и кон убивањето на невините животни, јас бев навистина атипичен за средината во која требаше да се покаже комплетен капацитет и компетентност. Но не бев осамен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Повикани да го спречуваат убивањето, конфликтите, судирите во светот, тие како да наоѓаат своевидна компензација во отстрелите на животните.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ветрот бараше сопатник; се провираше низ разлистените гранки, шепотеше некоја своја исповед, беше осамен и претпазлив како и волчицата, за да се споулави со првата снегулка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Првпат криковите на црните птици беа осамени во просторот, реско ја засекуваа тишината, кобеа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка, вистинскиот херој на нашите спасоносни останувања, кога Татко заминуваше во потрага по излез за семејството, сега, кога беше осамена, и таа како да беше подготвена да ги следи Татковите непредвидливи заминувања, како да ја беше наследила Татковата непредвидливост.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Би можел да ти прикажувам колку ми беа осамени сиве овие години.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Бидејќи јас бев на почетокот на обидот, можете да замислите колку бев осамен и очаен заглибен во многуноќна глувотија, загубеност и безнадежност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)