А другион дел од настанов, или непогодица наречи го ако сакаш, што се случи помеѓу мене и таа иста Стојна во наши денови, мислам на оној случај кога наврати во мојата соба во Бањи дури откако бев пензиониран, не можев да го протолкувам поинаку одошто само како нејзино навраќање кај старата љубов, за да чепне уште малку, се разбира нешто ако останало од таа стара љубов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За мене, за заречениот ерген, појавувањето на таа иста Стојна на мојата врата по полноќ, не беше ништо друго туку почеток на втор дел или продолжение на приказната што веќе беше набележана.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На петтиот ден пред пладнето, кога си одеше од Потковицата, Мурад III го повика кај себе Софронија Акиноски, кој тогаш беше пензиониран спахија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ни пиеше ниту пак се коцкаше, но сето свое слободно време, особено сега откако беше пензиониран, го поминуваше по кафеани колку слушајќи толку и кажувајќи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)