бев (гл.) - подготвен (прид.)

Но, за жал, поради сплетот на идните бурни настани што допрва следуваа, иако подоцна немаше второстепена постапка по жалба, оваа пресуда, која во октомври 1999 стана правосилна и извршна, никогаш не е извршена – ниту доброволно, ниту присилно [а веќе е и застарена].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, неможејќи повеќе да го истрпат понижувач­ кото однесување на новопечените газди и нивните послушници, скоро сите „порцеланци“, како што имаа обичај да се ословуваат меѓу себе, решија да организираат штрајк против условите за работа и да бараат исплата на заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, овие луѓе на кои им дојде „нож до коска“ од долгогодишните шефовски лаги и глумења, беа подготвени на ваков пресметан ризик уште од почетокот на борбата, па останаа упорни и солидарни во заедничката битка – и воопшто не се плашеа од негативните консеквенци и реперкусиите кои следуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кроткото спиење беше одраз на нејзината сигурност во себе а будноста на двете црни очи како внатрешни, внимателни стражари, припокриени со своите тешки капи – трепките, беа подготвени да забележат се наоколу.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Само знам дека овој пат бев подготвена да ги постројам сите доктори.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во очај и паника да направам нешто за да не искрвави до смрт со многу напор ја сместив таму каде што верував дека успеав да и обезбедам нега.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со брзи чекори, се упати дома. Добро знаеше дека и Мајка беше подготвена за двете решенија...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка беше подготвена, веднаш по средбата со Сокол Мечевски, да замине в болница.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И да било така, не ќе бев подготвена да го прифатам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа не значи дека не го сакаше или дека не беше подготвена да го прифати животот токму онаков каков што и беше доделен - рече Даскалов и ме замоли да му налеам една чашка од ракијата што ја донел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За третиот и самата не знам што да речам: сум била убаво повиена и оставена пред црковните порти во Чифлик.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече дека донел три шишиња комова, и дека се наоѓаат во ранецот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Усните му се растегаа во блага насмевка што трепереше од двете страни околу нив: усни кои беа подготвени да даваат прочка а во исто време и да молчат , мирно примајќи ги упатените пораки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
ЗАБЕЛЕШКИ Првата верзија на овој напис беше подготвена за една конференција - “Иднината на деконструкцијата: читајќи ја Марксовата Германска идеологија” - одржана во февруари 1992 во Центарот за интердисциплинарни хуманитарни студии на Универзитетот Калифорнија во Санта Барбара.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Утредента на истото место, но овој пат со силно турско кафе и цигара, двете дами беа подготвени да го завршат разговорот кој беше почнат претходната вечер.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со цврсти крилја беше подготвена за висок прелет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Посеаната младост беше подготвена за „првата берба“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа ноќ беше подготвена за простување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада беше подготвена за секаква пресуда. Но, се прашуваше заради што се пресудата и казната!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше готова своето јас да го стави под нозете на Томо. Беше подготвена на сѐ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Планинарската група од Скопје веќе беше подготвена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, знаејќи ја мојата дивост беа подготвени на се.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше подготвена. Ги броеше часовите кон неизвесноста. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш беше подготвена за заведување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ивона беше подготвена да се носи со сите предизвици на новото време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За овие зборови Рада воопшто не беше подготвена, иако со години ги очекуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзината рака помина по неговото рамо и се најде на алатот на Александар кој добро беше подготвен благодарение на она што дебелата Симона го правеше со своите пријатели.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Гардата постојано беше подготвена да прима нови членови и секретаријатот секоја година во мај организираше кампања за регрутација на потенцијални гардисти.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во тоа време секој кој се интересираше за оваа област внимателно веќе ги беше воочил приказните како што се „Xони Мнемоник” и „Burning chrome” и некои од нас веќе тогаш мислеа дека Гибсон ги пишува најинтересните нови „ствари”, но, никој од тие - најмалку Гибсон - беа подготвени за тоа што се случи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Го поведовме кон чардакот. Картите беа подготвени. Пристапуваше четвртиот партнер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му беше подготвена мала програма, чиј главен дел беше предвидена вечера со преживеаните париски доброволни шпански борци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Постарата ќерка Блерина беше подготвена за да ја оставиме со Бешир во блиската француска гимназија Карно во Ла Мараса, во која некогаш матурирал Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Франција која умееше за човештвото да го организира декорот на разрешената историја, беше подготвена, меѓу животот кој згаснуваше и смртта што набргу настапи, на славниот Палестинец да му ги укаже сите посмртни почести!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Жолтите одрази на сончевите зраци од последното лисје пред да падне на земјата ги придружуваат тажните Палестинци кон својот Јасер Арафат, човекот веќе претворен во симбол, одземен од животот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во белиот дом навлегуваше животот на денот. Се ширеше миризбата на свежо вареното кафе, цедените портокали и лимоните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сепак, мислите ми беа подготвени, знаев што сакам и што можам да постигнам, во некои мигови сè ми беше мило околу мене и сè ќе протолкував како да се однесуваше на мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Често беше подготвена да ја прифати официјалната митологија, просто затоа што разликата меѓу вистината и фалсификатот за неа немаше никакво значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тетка Асја се затвори пред Авни. Таа беше подготвена со него да зборува за сè друго, но за внуката не кажа ниту збор повеќе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И јас ѝ простував за сè што таа правеше за истата цел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Секогаш беше подготвена да ми прости за сè што правев за да ја оствариме целта, а тоа го правев и тогаш кога бев свесен дека ги кине најчувствителните нишки на нашата интимна врска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, сега беше твојот погреб. Облеката за мене и синовите беше подготвена, сѐ ново и убаво.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Имаше многу народ, се поздравувавме автоматски, рацете цело време ни беа подготвени за ракување.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
За некаква одбрана, ниту имаше време, ниту беа подготвени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мајка, вистинскиот херој на нашите спасоносни останувања, кога Татко заминуваше во потрага по излез за семејството, сега, кога беше осамена, и таа како да беше подготвена да ги следи Татковите непредвидливи заминувања, како да ја беше наследила Татковата непредвидливост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XXVII Семејната колона беше подготвена да тргне на тајниот пат преку границата на Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка беше подготвена, на чардакот, да полетаат кон спомените.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Италијанците како да играа во голема фарса, малку беа подготвени за вистинска војна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, беше подготвен за секакво жртвување, дури и на животот доколку беше загрозен оној на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ние одамна бевме подготвени за ова обратно патување од егзилот, уште од денот кога пристигнавме на другиот брег, а побратимот се врати со чунот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Кажи ги еднаш тие околности“, нестрпливо и вреснав во слушалката, но не за да ја исплашам туку за да ѝ помогнам, но таа изгледа воопшто не беше подготвена да слуша.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но Зоки, дури сега среќен, беше подготвен на сѐ: - Ако, бабичке, ако!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Знам дека веќе реков нешто вакво, или истово ти го реков, но што да правам кога речиси секој ден бев подготвена да го пречекам повторно она, што еднаш веќе си беше заминало.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи, произлегува дека уживаше да крева околу себе магли на сомненија, да поставува загатки, да наговестува тајни а при сите вакви постапки себеси воопшто не се штедеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Моите читатели во Шапоно беа подготвени за дебатата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Книги што гореа излетуваа од прозорците.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- ѝ наредив на бандата. сите беа подготвени за напад.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас бев подготвена да ги изменам и подобрам работите кај себе, меѓутоа, колку што направив, ни толку не заслужуваше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Змејко ми беше многу лут затоа што ме викаше да одам кај него, а јас ниту психички ниту физички не бев подготвена така лесно како првиот пат да влетам во слична шема.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мислам дека во тој момент бев подготвена да полетам, само за да ги земам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)