Дневната заповед на Големиот Брат очигледно беше посветена на одавањето признание за работата на една организација позната како ПТЦЦ, која ги снабдуваше морнарите на пловечките тврдини со цигари и со други потрепштини.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Целата беше посветена на таа работа од која, за ништо на светот, не сакаше да се откаже.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Песната што се излеа од усните на младата поетеса беше посветена на нејзината мајка , онаја што беше сведок на нејзините први чекори и полет .
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа докажува дека и ние кои бевме во движењето, макар колку да му бевме посветени на идеалот, сите ние бевме луѓе и имавме свои човечки слабости. Како што тоа јас сега го увидувам.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Композицијата им беше посветена на нашите храбри момци, а сите вработени во секретаријатот минатата година го добија цд-то како подарок со потпис од авторот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Во месец јануари, 1942 година, се одржа Осмиот пленум на ЦК на КПГ на кој, меѓу другото, му беше посветено посебно внимание на ,словеногласните Македонци за да не се занесат од омразата на националното потиснување на грчката буржоазија и сегашната демагогија на окупаторите, а посебно на бугарскиот национализам и шовинизам...“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
1. Откажување на договорот за вработување а) со измените од февруари 2013 година, кои во голем дел беа посветени токму на престанокот на работниот однос, се воведе појаснувачка одредба во однос на елементите кои мора да ги содржи спогодбата за раскинување на договорот за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Исцело бевме посветени на вербата дека ќе победиме иако секаде губевме.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Можеби ги оставија како прво изненадување за окото на намерникот и туристот или како белег на едно несакано време во кое тие кои ја водеа државата и ја држеа власта со безбројните бетонски бункери потврдуваа колку беа посветени на духот да ја бранат земјата?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сега Клара беше посветена на идејата да ги освести жените дека самите ќе мораат да се изборат за она што им припаѓа: сама изработуваше плакати на кои пишуваше дека образованието на девојчињата не треба да биде подготовка за улога на домаќинка туку да биде образование кое ќе им овозможи самостојност, и ги лепеше на фасадите на училиштата; бараше сопругите да имаат право да побараат развод; организираше групи кои бараа жените да имаат право на глас, а политичките партии ја пријавуваа во полиција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја носеа в затвор и ја обвинуваа дека дејствува не против општеството, туку против човештвото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)