Со текот на времето, работејќи врз проектот, брзо увидоа дека, за нив, тоа беше преголем залак.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Беше уморен до мачнина. Конфузно потскокнуваше неговото срце, вечното стоење во задушливо-мрачната соба беше преголем напор, предолго да се дава вештачко дишење беше злостор над самиот себе.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но предизвикот да имаат скришно место, кое ќе биде само нивно, беше преголем и за двајцата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со текот на времето, работејќи врз проектот, брзо увидоа дека тоа за нив беше преголем залак.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Според некои тоа ќе беше преголем залог за довчерашниот робијаш од Голи Оток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Болката беше преголема, спомените ја параа душата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Уште од почетокот мојата желба да живеам во Скопје беше преголема.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Бремето што Рада го носеше со себе беше преголемо, па реши да ја посети црквата во градот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Демонот во него беше преголем за да се провлече низ решетките на канализацијата рамно до земјината утроба, за да стане отровна риба со кал во жабрите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Наклонетоста кон неприпадност на кланови, чии членови добиваа џипови за 16-тиот роденден од родителите, беше преголема за да се одбие овој дуел, поради право на поправно однесување.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Многу учеше. Твојата желба за живот беше преголема, твојата верба за победа беше присутна цело време.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Возбудата беше преголема за да останам предолго на нозе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Желбата да стори нешто со себе беше преголема.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Откако одлучив да гладувам, додека не пребледнам и премалам до онесвестување (а во донесувањето на ваквата одлука НЕ играше улога наближувањето на летната сезона и тековниот тренд на топлесот и тангата), преместувањето на работната маса ќе беше преголем зафат за толку мал човек како мене, па на крајот ги преместив компјутерот и работниот стол, како револт од немоќ да променам нешто поголемо во мојот застоен животен тек.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)