Дури и брчките на ковчестото чело му се измазнија. „Сакаш ли ти да се биеш?“ праша момчето; како да говореше од стомак, не мрдаше со усните. „Ајде, стани и излези кога толку многу знаеш.“ И лицата на браќата беа светечки изменети.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)