бев (гл.) - совршен (прид.)

Соц-артот беше совршена демонстрација на тоа заедно со, на прво место, креациите на Иља Кабаков.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исходот на ваквата болна потрага беше препознавањето на сопствените посебности и раѓањето на свеста за нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Благодарејќи му на Каба­ков, првиот руски сликар кој подлабоко се заинтересира за инсталациите, Бојсо­вите иновации полека ќе навлезат во руската уметничка свест.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Совршени се тие неколку секунди пауза по незадолжителните разговори кога крадешкум ќе се погледнеме и ќе го почувствуваме мирисот на самото постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А, во неподносливите долги ноќи за да можам да направам само чекор го барав погледот во едни, сега веќе далечни очи кои некогаш беа совршен почеток на љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тактиката и настапот на Рада беа совршени. Сѐ одеше онака како што замисли.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И тоа што, како чистокрвен бел ангорски мачор, слухот не му беше совршен, така што понекогаш, кога ќе го викнеа, во зависност од ветрот, наместо да гледа во оној што вика, ја вртеше главата настрана, конечно неговиот изострен осет за мирис му помагаше за местоположбата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Идилата, нивната љубовна идила, како да беше совршена глуварка, што се распрснала при најмал допир со надворешниот воздух.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ѕидните слики кои се појавија беа совршени, источњачки, кревки и потполни, а потоа се претвораа во вистински источни градини со пагоди, храмови, богати со кинески, златни и црвени олтари и со музика од Бали.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)