— Арно сега, токо колку ќе ми платите, до кога, да си знајме и вие и јас? — праша Стале иако беше согласен на секакви услови. — Колку? Колку е мунасип.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— А бре, мудур ефенди, овој работа можел ли со пари да се плати?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На крајот на светот Проќа беше согласна да оди со Толета, само да не се оддели од него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Не сулејсен сен, бе Сефедин? ), — но како што знаеме од понапрешниот нивни разговор Сефедин беше согласен.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Татко со задоволство утврди дека Камилски, кој одвреме-навреме имаше своја lucida intervala, целосно беше согласен со неговите ставови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во тоа беа согласни Татко и Камилски, но, сепак, требаше да се дојде до компромис: или ќе се предложи во речникот на излитените балкански идеи, зборот јаничар(и), со сите изведенки, кои ја прошируваа смислата на зборот, или го влеваа неповратно зборот во текот на новите значења.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И двајцата по првото искуство беа согласни дека ако продолжат, на секоја заемка османизам да ѝ го посветуваат истото време, тогаш ќе им бидат потребни години за да ја приведат работата кон својот крај.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко внимателно го слушаше Камилски, беше согласен со неговите аргументи, бездруго башибозукот да се најде во листата на опасните термини за употреба во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се договорија, според претходната шема, Камилски да избере пет збора со негативна, а Татко со позитивна конотација, верувајќи дека на тој начин побрзо ќе стигнат до крајот на мисијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јас не бев согласен со тоа - да загинеме.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во едно тој и син му беа согласни - чувањето на добиток иако можеби и тоа, според мислењето на младите, не се исплатуваше како некогаш, сепак го оправдуваше вложениот труд.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дедовците и бабите беа согласни да се предадат бунтовниците – нивните синови и внуци – но никаква гаранција не гледаа во црниот калуѓер, дека ќе бидат помилувани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Толку беше согласен што речиси вриснав.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нема да го пишувам крајот на она што си го мислев на концертот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)