Ми беше сомнителна таа градација на чувства кон моите песни кај госпоѓата, која како да сакаше да се оправда за нешто, и ја замолив да ми ја даде Луција, да се чујам со неа, да чујам од нејзина уста нешто за песните.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога Алекса влезе во бакалницата од Алекса Бабовчето виде полно селани — Мариовци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Колку да му беше сомнителен во прво време, сепак се реши да го одведе, да му ја пренесе наредбата од војводата, за која Јован рече дека му е речено лично на Крстета да му ја пренесе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вртеше околу брегот, ги гледаше најосетливите места, најслабите точки на својот градеж, го проучуваше како што линиите на фронтот се проучуваат пред напад, и каде што ќе му беше сомнителна оградата, довлечкуваше камења и колчиња и ја подѕидуваше, ја зацврстуваше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Порано беа сомнителни семејствата кои немаа слики на Сталин во домовите, а сега...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)